Spread the love

Ерџан демир е председател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Шуто Оризари, воедни и кандидат на престојните парламентарни избори ма листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2.

На листата кандидати за предстојните парламентарни избори сте на број 12 во изборната единица 2. Дали вие како единствен ромски кандидат во оваа изборна единица имате шанси да станете пратеник?

„На ова ваше прашање ќе одговарам со сигурно ДА. Знам за делимичното размислување на еден мал дел од граѓаните кој помалку го познаваат процесот на формирањето и прераспределбата на позициите на листите и можноста за после изборни комбинаторики со истите. Еве еден пример, според законот за застапеност на жените во листите, задолжително е нивното застапување и тоа од прилика на секое трето место. На првите места мора да има некој од раковоството на партијата кој се и носители на истата, а потоа преминуват во извршната власт како Министри или заменици на министри. Исто така на првите места се поставуваат и луѓе како доктори, професори и други кој после заземаат раководни места, како директори на институции. Потоа се зема во предвидт и бројот на гласови кој ги добива листата во општината од која доаѓа кандидатот, не можеме ние како општина, и како комитет да се споредиме со другите општини кој носат поголем број на гласови од нас. Во зависност од одлуката на партијата се доделуваат и неколку места за коалицијата итн.„

 Вие сте председател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари. Како планирате да го мотивирате ромскиот електорат да гласа за вашата политичка партија?

„Да бидам искрен ценам дека НЕМА ПОТРЕБА од тоа ние да го мотивирамен или убедуваме ромскиот електорат да гласа за нас. Незадоволството од сегашното раковоство-влада на Ромската заедница е големо, исто како и на другите заедници кој живеат тука во Македонија. Ромите не ги забораваат ветувањата на Заев и СДСМ, лажните ветувања кој им ги дадоа за време на кампањата. Ветуваа едно општество за сите а направиле бинационална држава, ветуваа еднаква застапеност а на конкурсите едвај влезе по еден Ром а требаа минмум по десетина, ветуваа Европско здравство а никаде ништо од сето тоа, ние си знаеме како ја преживеавме КОРОНА кризата, еве последнот со случувањата во онкологија и сето тоа што се случи таму. Меѓу другото не смееме да забораваме дека во изминатиот период и Ромите масовно се вклучува и ги подржува протестите на опозицијата за избори, тоа не го направили од досада туку од незадоволство и желба за промена на власта.„

 Дали ромските политички коалициони партнери на вашата матична партија ја подржаа листата на пратеници од изборната единица 2?

„Формирањето на листите е Процес. Прво се водеа прговори со колиционите партии па се дојде до договор со нив. Претседателот ги предложи до Извршниот и Централниот комитет на партија кој ги изгласа едногласно и на крај со самот тоа што го ставиа својот потпис и печат во договорот за коалиција значи дека ја дават својата согласност и поддршка за истата.„

Кои се вашите планови за подобрување на пристапот до образование, здравствени грижи и вработување за ромската заедница?

„Ние како Општински Комитет исто како и другите комитети на партијата низ земјата, пред се дадовме наши предлози/предлог проекти кој што цениме дека треба да влезат во програмата, а до истите дојдовме преку средби со граѓаните со тоа што тие нас ни ги предложија самите. Нашата партија пред некој ден направи презентација на нашата програма ПЛАТФОРМА 1198 составена точно од 1198 проекти. Нашата програма не е поделена по потребите на етникумите кој живеат во Македнија, туко по области како економија, здравство, образование, домување, инфраструктура и друго, и сето ова се наменети за сите граѓани на Македноија без разлика во кој дел од државата живеат, без разлика на нивната вероисповед или на која етничка заединца тие припаѓаат.„

Дали очекувате фер и демократски парламентарни избори во Април?

„Да бидам искрен јас многу би сакал тоа да биде така, да имаме фер и демократски парламентарни и претседателски избори. Познавајки ја другата страна и нивната алчност мислам дека ти се подготвени да направат се само да останат уште еден мандат на позиција, не да звршат некој проект затоа што ништо нени почнаа да прават туку повеќе да крадат исто како што тоа го правае цело време. Но што и да направат јас сум убеден дека тоа нема да помине кај граѓаните затоа што тоа што го гледам секој ден е незадоволството, нетрпеливоста кај гараѓаните и желбата за промена. Исто така мораме да ја споменеме и се поголомата политичка свест на граѓаните, нивната перцепција, нивното гледање и разбирање на политичките случување во државата. За крај би сакала да пратам една порака до нашите опоненти, Не го поценувајте Ромскиот народ, немојте на мислите дека можете да го исплашете, немојте да си мислите дека можете да го подкупите и лесно можете да го манипулирате. Немојте после да кажете дека не сум ви кажал, немојте да си направите после играчка плачка.„

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading