Spread the love

Самка Ибраимовски лидер на ромската политичка партија , за ЕУ Ромапрес одговара не неколку прашања кои се поврзани со председтелските и парламентарните избори, во екот на изборната кампања за председател на Северна Македонија.
Ибраимовски навестува дека поранешниот коалиционен партнер СДСМ на кој ПЦЕР со години му бил верен политички партнер не направи многу, односно ништо во врска со политичките ветувања пред изборите во 2016 година.
Ибраимовски смета дека коалицијата „ Храбро за Македонија„ со ГРОМ и Интегра е позитивна политичка опција, со лидерот на Гром Стевче Јакимовски, кој како потранешен министер успешно работел во Декадата на Ромите.
„ Мислиме дека со оваа оваа коалиција ке имаме напредни услови и подобрување на животниот стандард на Ромите. Гласовите на оваа коалиција се огромни особено за нашата заедничка програма која ќе биде готова на 19 април и можете да видите што планира.„ Вели Ибраимовски.

Лидерот на ПЦЕР Самка Ибраиовоски, се надева на огромна подршка од ромскиот електорта во ЕИ5 каде тој е носител на листата од Коалицијата Храбро за македонија.
„ Како носиоте на листа очекувам подршка од Ромите во Битола затоа што јас како Самка и како Пцер имаме многу направено за Ромите во Баир. Воведовме два трансформатори со кои го решивме проблемот со струја за 360 куќи, Плус тоа поставивме и многу други приклучоци.Сега ветуваме дека ќе направиме каптажа во Врвот на Баирот да имаме редовна вода и да изградиме стилски 25 куќи во баирот.
Ова е само дел,имаме и други инфраструктурни проекти.- вели Ибраимовски.
ПЦЕР исто така ке има и свои партиски членови кои ке бидат дел на коалиционите листи за кандидати за пратеници.
„Имаме наши кандидати на коалиционите листи и скоро сите се на добитни места, на ЕИ1 четврти на ред, на ИЕ2 исто така на добитна позиција, на ИЕ3 на трета позиција, на ИЕ4 четврта позиција, на ИЕ6 трета позиција и на ИЕ5 носител на листата ми припадна мене.
Верувам во ова коалиција, верувам во ветувањата на нашите коалициони партнери, и верувам дека ромскиот глас ке оди на контото на нашата коалиција, оти ние не ветуваме ние реализираме. Сега треба да глсаме за нашиот иден председател на Македонија Стевче Јакимовски„ заклучувува Ибраимовски.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading