Винсент Родригез е директор на Комисија за филм Житана од Шпанија.
Тој е воедно е и предавач во Универзитетот во Вашингтон по предметот Империите и нивното наследство, и проект менаџер на неколку ромски организации од Шпанија.
Винсент во 2022 година имаше своја промоција во Берлин на краткиот документарен филм „ Фамилија Ујвари„ каде ја разкажува судбината на малото 3 годишно ромче кое бил убиен од страна на нацистите во Германија, за време на Втората светска војна.
Во интервјуто за ЕУ Ромапрес кое можете да го погледнете подолу , односно на You tube каналот на ЕУ Ромапрес, Винсент се осврнува на предизвиците околу учеството на ромски филмски работници ,на филмски фестивали како што е Канскиот филсмки фестивал.
Тој вели дека Ромите имат капацитет, имат приказни кои со сигурност кино индистријата ке биде заинтересирана да бидат прикажани на кино платното, и на престижните филмски фестивали. Но како што вели, тие Роми кои партиципират во дебати на вакви фестивали немат ромска методологија и се потчинети на не ромската кино идеолошка перспективи.
За своето учество и учеството на неколку ромски активисти на Канскиот фестивал под покровитеслтво на неговата Комисија за филм Житанија, тој вели дека ова е историски момент за ромската заедница пред се што досега немало толку голем број ромски преставници на еден таков престижен филмски фестивал, и тоа е успех кој ке гарантира да во следните години преку контактите кои ке бидат остварени на фестивалот, да се најде решение и пристап на ромски филмски работници со свои етничко чисти филмови, од сценаристи, режисери, продуценти и актери.
Погледнете го целото интервју подолу:
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.