Тоа што мајка Тереза била за сиромашните од светот, Каролина Миљак е за Ромите во Хрватска и пошироко.
Ова жена католик целиот свој живот го посвети во давање помош на најранливата етничка група Роми, посетувајки ги речиси сите ромски населби на територијата на тогашната бискупска конференција на Југославија, како и ромските кампови во предградијата на европските градови како Париз, Рим, Барселона итн, каде што мнозинството беа Роми кои потекнуваат од територијата на тогашната Југославија.
Во градот Кутина во Хрватска таа примети дека и Ромите доаѓат во црква и ги кршетавт своите деца.
На почетокот беше изненадена затоа што порано таа имала мислење дека сите Роми се муслимани, таа немала поим дека меѓу Ромите има и римокатолици.
Таа побарала од свештеникот да бидат вклучени во нејзината паторална работа.
Одговорот на свештеникот бил дека имало неколку обиди но немало резултат.
Каролина во тој момент се потсети на зборовите на папата Јован Павле Втори кој ги упати кон сестрите на една средба во која велеше дека „Ако луѓето не доаѓат кај вас тогаш вие одете кај нив„.
„Бог се среќава во секој човек „- рече госпоѓата Каролина Миљак. Таа не само што го кажа, туку и го покажа со пример, а секој што ја запозна, тоа го доживеа преку љубов, топлина и ценење.
На Миљак во 1987 година и ја доверија пастирската грижа за Ромите во договор со пресдседателот на Советот за миграција во Ватикан, за кое подоцна со уредба на кардиналот Чели Монс и Кирил Кос ја назначуват за директор на Бискупската конференција на Југославија.
Од тогаш се до нејзината смрт во 2022 година Каролина Миљак била дел од ромскиот секојдневен живот, помагајки им на децата роми во едукација матријална и друга помош.
Таа за својата работа доби специјална благодарница од пратеникот Вељко Кајтази во име на ромската заедница за долгогодишната плодна работа со Ромите.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.