Директорот на новата Европска Фондација за Ромите Жељко Јованович беше гостин на Косовскиот премиер Албин Курти, каде се разговараше за унапредувањето на правата на Ромите во Република Косово.
Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, беше придружуван од заменик министерот за култура, млади и спорт, Силејман Елшани и пратеникот во Собранието на Република Косово, Ерџан Галуши.
Премиерот Курти го информирал Јовановиќ за иницијативите на Владата на Косово и нејзиниот активен ангажман во зајакнувањето на ромската заедница. Јовановиќ, пак, ги претстави проектите на новата Европска Фоднација за Ромите, кои се насочени кон економски развој, политичко зајакнување, образование и култура на ромската заедница во Косово.
Во текот на дискусијата беа нагласени неопходните мерки во рамки на Планот за раст кои поттикнуваат вработување, основање мали и средни претпријатија и професионална обука на ромската заедница. Посебен акцент беше ставен на учеството на ромската заедница во Пописот на населението, кој започнува во април, а се смета за клучен за правилно планирање на политиките што ќе ги опфатат сите заедници во Косово.
Информациите се земени од официјалната страна на Владата на република Косово
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.