По повод Тв сторијата на 360° во кој дирекно или индирекно се инволвира градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш-Куцо, за давање на нелегални дозволи за градба во општината, ЕУ Ромапрес побара од Дудуш да се изјасни околу овие овбинувања.
Дудуш за ЕУ Ромапрес вели дека ова не е ниту прво ниту последно овбинување и поплаки кои секојдневно се доставуват до одредени институции, агенции, министерства, јавно овбинителство… од страна на поранешниот кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Ферат Асан.
Според Дудуш, Ферат не може да ја преболи изгубената трка за место градоначалник, иако во првиот круг неговата победа била речиси готова, па на овој гнусен начин сака да му се одмаздува.
„ Народот избра добар избор, ова може да се види како полека во мојот мандат, Шуто Оризари го менува својот лик во урбана општина, нема повеќе пазар под тенди , лимени покриви и најлон покривачи, се изгради Мол,високо стамбена катница, се гради или реконструриа улици и.т.н.
Очигледно е дека на Ферат лично од завист, не му одговара урбана Шутка па по секоја цена сака на било кој начин да го блокира процесот на урбанизација на општината„ Вели Дудуш.
„Ме овбинува за инволвираност во издавање на илегални дозволи за градба, а од друга страна многу странски дипломати, фондации па и најголемиот финансиер на општината УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации тесно соработуват и со мене и со мојот тим.
Мислите дека странските дипломати или УНДП ке соработува со било кој корумпиран полиичар или градоначалник?-не сигурно не.
Ете информација само за вас ,УНДП ке го финансира проширувањето на општинскиот објект, односно задниот дел на општината ке биде проширена исто колку што денес зафаќа простор општината, УНДП сигурно нема да финансира доколку има сознанија за криминал, Таа е голема светска фондација од ОН, и таа нема да ризикува соработка со криминал.„-вели Дудуш.
Дудуш проблемот со диво градбите во општината Шуто Оризари ги окривува поранешните градоначалници на општината поради нивната небрежност и неажурираност.
Според него овој проблем не е од сега, од времето на неговиот мандат, овој проблем датира уште од 1996 година од самиот почеток на формирањето на општината, сите градби се изградени на државно земјиште , пред се што најголемиот дел од општината е државно земјиште. Ниту еден градоначалник или неговиот тим не се фокусираа на изработка и донесување на ДУП, со што овие проблем денес ке беше минимилизиран.
„ Со години нема донесено закон за градба на државно земјиште. Општината се проширува, расте бројот на населението,до пред една генерација нашите родители изградија куќи за 4 до 5 члена семејство, денес тие семесјтва се проширија со снаи внуци, како проширувањето на семејствата да се прилагоди на овие стамбени услови. Тие мораа да градат некаде или пак да исгради спратна вече постоечката куќа каде би се сместиле со своите семејствата.
И што треба сега, да се рушат овие градби? Не , не сум за рушење на вакви објекти или надоградби пред се од хумани причини. Згора на тоа ние немаме градежен инспекторат, иако неколку пати баравме да ни се обезбеди, Ниа како Општина немаме стручен кадар за решавање на таков вид проблем.
Сега нема услови, нема закон, ке го почекаме новиот закон за градба и легализација на диво градбите.
Веќе е поднесено од неколку пратеници предлог закон за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти до Собранието на Северна Македонија.
Тој закон наскоро се надевам дека ке биде усвојен, а со таков закон и ние ке бидеме во можност да продаваме земјиште, да даваме дозволи за градба.
Го чекаме со нетрпение изменувањетоо на законот за беспарвно изградени објекти, со самото тоа што преку плаќање на комуналии и останати административни давачки за земјиште, довола и легализација на бесправните градешни објекти ке можеме да го зголемиме и буџетот на општината,„ – вели Дудуш.
Да се потесетиме дека за време на мандтаот на Дудуш се донесени два блока на ДУП-а и за првпат е издадена градежна дозвола.
( ЕУ Ромапрес побара изјаснување за овбинувањата од Ферат Асан, но до објавувањето на овој текст нема добиено одговор од него )
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.