Spread the love

По усвојувањето на Декларација на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите , во Скопје Северна Македонија , се одржува 4-ти по ред министерски состанок која преставува рамка во процесот на проширувањето на ЕУ.
Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која го отвори почетокот на состанокот, рече дека земјите од Западен Балкан се цврсто решени да работат и да го зајакнат непреченото вклучување во воспитание и образование на Ромите , кое подоцежно ке донесе вклучување  на пазарот на трудот, до соодветна медицинска заштита и домување.


Тренчевска се пофали дека Северна Македонија е лидер во регионот кога е во прашање вработувањето на ромската заедница, истакнувајки дека има голем број вработени во јавната администрација.
Инаку овие состаноци на министерско ниво е размена на позитивните практики во унапредувањето на квалитетот на животот на Ромите во Западен Балкан.

Господинот Жељко Јованович директорот на Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата Отворено општество, кој исто така беше дел од присутните на овој министерски состанок, стави до знаење дека и по 20 години стратегии и проекти, Ромите се уште се чуствуват запоставено и гневно, истакнувајки дека нема значително подобрување во нивните животни услови.
„ Ваквите конференции изгледаат бесмислени, но ова е единственото место во регионот со кој владите известуваат за нивната работа. Сепак, јасно е она што го прават владите, а  сè уште премалку во споредба со она што е потребно за да се извлечат нашите заедници од сиромаштија и понижување„ вели Јованович.
Јованович исто така даде до знаење дека владите не можат да сметат дека Ромите се товар за нивните јавни буџети, според Јованович тоа е витална инвестиција во најмладата етничка популација на Западен Балкан во услови на демократска криза.

„Ова треба да оди подалеку од обичната усогласеност со пристапувањето во ЕУ, се работи за економската виталност на нашите земји и регионот. Нашите студии покажуваат дека инвестициите во вработувањето на Ромите даваат значителен принос во рок од 2 до 5 години. Оттука, инвестирањето во ромските заедници не е само морално исправно – тоа е економски паметно!„ истакна Јованович.

 

На крајот на состанокот министерката Тренчевска им се заблагодари на Оливер Вархеји, комесар за проширување,, Ана Лирман, државен министер за Европа и клима во Германија, Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија и Жељко Јованович, директорот на Ромската иницијатива при Фондациите Отворено општество.
Состанокот е категоризиран како многу важен пред се кога се работи за меѓусебна соработка со која може да се зголеми социјалната инклузија на Ромите, донесувајки еднаков пристап до образование, здравство како и отварање на пазарото на трудот.

( Фотографиите се преземени од ФБ профилот на министерката за труд и социјална политика

Јованка Тренчевска)

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading