Spread the love

Градоначалникот на општината Шуто Оризари Курто Дудуш-Куцо кој денес бил присутен на министерскиот состанок за интеграција на Ромите од Западен Балкан, се осврна не неговото незадоволтво за реалицаијата на акциските планови наменети за интеграција и помош на ромската заедница , кога во прашање е ова заедница во Северна Македонија,, и посочувајки ја општината Шуто Оризари каде тој е градоначалник со мнозинско ромско население.
Дудуш во своето обраќање кон министрите и останатите присутни на овој состанок рече дека состојбата на заедницата не е мрдната на поголем степен и покрај многуте акциони планови кои стојат во документите, но не се реализират или не се се уште реализирани.


„Напредокот на заедницата како на локално, регионално и национално ниво ке биде видливо доколку имаме искрени намери и вистински пристап кон реализација на овие акциони планови„-вели Дудуш.

Тој пред присутните го искажа своето незадоволство од финансирањето на општината од владиниот буџет за кој како што вели Владата издвои 20 милиони денари за 20 општини меѓу кои е и општината Шуто Оризари, за кој според него ова општина би добила околу 1 милион денари, средства кој не може да ги покрие основните потреби на општината во комуналната инфраструктура, без да стане збор за останатите приоритети на општината.

Дудуш кажа дека тој доста од времето го поминува на терен, каде од прва рака може да ја види и запозна фактичката состојба на населението, и дека единствениот чин на добра и ефикасна реализација на плановите се оди преку работа на терен.

На крајот на своето обраќање Дудуш кажа дека Ромите бараат видливи дела и резултати и дека токму затоа треба посериозни издвојувања од буџетите на државите, особено во делот на развој на инфраструктурата и домувањето.
„СЕ надевам дека догодина на 5-от по ред министерски состанок, ке се зборува за позитивни практики и резултати кои ке бидат видливи како позитивен исход од овакви министерски состаноци од Западен Балкан„ истакна Дудуш на крајот на неговото обраќање.

( фотографиите се земени од ФБ профилот на Курто Дудуш-Куцо)

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading