Spread the love

Во однос на состојбата на Ромите, нивната состојба е повеќе од сложена, иако за неја се вели дека е заедница во развој.

Сиромаштијата, лошиот стандарт,ниското ниво на здраствена едукација, ниското ниво на писменост, невработеноста,ниското ниво на ангажирање во образованието и дискриминацијата се ендемични секаде па дури и во Северна Македонија каде ова заедница според Уставот ужива во демократските процеси ,но со заостанат еманципациски процес воден од самите ние и од не ромската погубна политика

Поаѓајки од многу фактори кои досега негативно влијајеле на состојбата на Ромите во Македонија, промената на ромскиот политички курс ке треба да има позитивен исход во понатамошниот ромски прогрес во сите сфери од животот на ова етничка заедница ,според примерот на овој модел на ромска политичка платформа.

Модел на ромска политичка платформа-

ваквиот тип е само пример како би изгледала заедничката ромска политичка платформа

Ние како ромски политички преставници во Македонија ( опис на имињата на политичките партии), по потребата за зајакнување на ромската политичка сцена и исполнување на нормативните обврски кон својот електорат, се согласуваме на меѓусебна подршка со заедничка политичка агенда на следниве (последователните било кои избори) , Парламентарни избори се со цел ромскиот политички субјект да биде дел од креирањето на внатрешна и надворешна политика, во кои интересот на ромската заедница ке биде во прв план.

1. Формирање на заеднички структури

Ке работиме на заеднички решенија, договори кои ке бидат посветени на напредокот на ромската заедница во Северна Македонија, кои ке бидат водени од заедничките структури, кои ке се залагаат за равноправност и хармонија меѓу ромските верски политички и социо групи , и нивната заедничка соработка.

Заедничка структура која ке биде подржана од сите политички партии за било која правна иницијатива која ке ја зајакнуива ромската заедница.

2 . Пред изборни и изборни договори со политички партии од другите етнички заедници на Иделошка основа и Програма.

Ке работиме на заедничка служба за договор со коалициони партнери за заеднички настап или изборна подршка, која пред избори ке треба да резултира во позитивен исход за ромските населби, како изградба на комунална инфрасруктура,

3. Ќе бараме Буџетските ставки наменети за Ромската етничка заедница да бидат солидно финансирани над просечно од процентуланата застапеност на нашиот народ, затоа што реалната бројка на Ромскиот народ е најмалку три пати поголема од официјалната, која и така не е ажурирана веќе 20 години заради не одржување на попис на населението во Северна Македонија.

Поголем буџет за финансирање на ромски културни манифестации, одвојен резервен буџет за финансирање на екстремно сиромашни семејтсва, и помош на ромската заедница погодени од катастрофи, пожари, поплави, домување, вработувања и поголема здраствена заштита во ромските рурални населби.

Пропорционална застапеност во безбедносните служби, војската, разузнувачките служби и во судтсвото доколку се има соодветен кадар.

Застапеност на сите нивоа на Влада со заменици министри како и владини и социјални агенции .

4. Правото на владеење да биде еднаково и за Ромите

Ке работиме судтсвото и правниот систем во државата да биде без етнички предрасуди.

Јавно ке ги осудиме сите судски одлуки кои ке бидат неправедни и бесправни на штета на граѓанинот само врз основа на неговата етничка припадност, во овој помен акцент се става за Ромите.

Ке вршиме притисок врз правниот систем за правото и еднаквиот третман на Роми затвореници како и преземање на истражни постапки преку истражните органи за сомнителни смртни случаеви на Роми затворениц

Заеднички настап против сите појави што ја дискредитираат, дискриминираат или омаловажуват ромската заедница во Македонија.

Овој тип на модел е напишан од

Мухаџер Сулејман-Мозес Соломон

и

Тахир Ридваров од

ОБЕДИНЕТИ РОМИ

UNITED ROMA

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading