Изборите покажаа дека концептот на граѓански и демократски избори се изгуби. Политичките партии се обидуваат да привлечат гласови само од дел од популацијата, обично на нивниот етнички јазик или со ветувања за решавање на етничките проблеми. Овој пристап не ги вклучува сите граѓани и креира поделби во друштвото.
Ваквиот систем лесно асимилира дел од ромската заедница која живее во не ромски мнозински населени места, градови, населби и села.
Еден од најочигледните примери на овие поделби е состојбата на Ромите. Тие живеат во реони каде што доминира поделбата, во зони каде доминира мнозинското население без можност за политичко ромско преставување. Ова го ограничува нивното политичко влијание и нивната можност да бидат адекватно претставени во владините институции.
Иако Ромите се значаен дел од популацијата, нивната воља и потреби често се игнорирани. Соочувањето со поголем проблем е по изборите, кога моќноста во новата влада се концентрира во рацете на двата мнозински политички лидери кои не вклучуваат ромски претставници во ниту еден од политичките сегменти како во извржшната и закондавната власт така и во креирање на локални , национални и Меѓународни партиципирања.
Учеството на ромските политички партии на скоро сите избори се демократски креиран параван,покажувајки се пред демократскиот свет за еднакви политички права на сите заедници во С. Македонија, што во реалноста е само политичка фарса.
Но не и секогаш вината за ваквата мат состојба треба да се прилепи за креаторите на политиките во кои се изоставени ромските политички партии.
Ромските политички партии во Македонија, иако присутни во политичкиот пејзаж, често се појавуваат како периферни актери без значајно влијание во креирањето на националните политики. Историски, тие се појавуваа од избори до избори, обично со фокус на лични интереси или интереси на мали групи, во спротивност со националните интереси на ромската заедница како цел.
Долг временски период ромските политички партии не успеаа да ги артикулираат и претстават реалните потреби и предизвици со кои се соочува ромската заедница.
Во многу случаи, нивната активност се ограничуваше само на изборни кампањи, без продолжена ангажираност или конкретни акции за подобрување на статусот на Ромите.
Без силно организирана и артикулирана политичка агенда, ромските политички партии се оставени на маргината на политичкиот систем. Тие не успеаа да генерираат доволно моќ или влијание за да влијаат на големите политички партии и да ги инкорпорираат ромските интереси во националната политика.
Во крајна линија, ромските политички партии остануваат слаби и неинфлуентни актери во политичкиот систем на Македонија.
За да се промени оваа состојба, потребно е да се направат значителни промени во начинот на работа и организирање на овие партии, како и во нивната врска со ромската заедница и со широката јавност.
Чувството на идентитет и националниот интерес:
Ромските политички партии често се фокусираат на внатрешни прашања и лични интереси, на место на широките национални интереси на ромската заедница. Ова резултира во поделениост и неефикасност во застапувањето на ромските интереси во политичкиот систем.
Политичко неделување:
Недостатокот на соработка и согласност меѓу различните ромски политички партии е пречка за формирање на заедничка политичка програма и за застапување на ромските интереси во јавните политички дебати.
Пазарењето со големите политички партии:
Ромските политички партии често се задоволуват со еден до два директорски места во јавните претпријатија, или ако имат среќа заменичко министерско, често ги вработуват блиските роднини или сопартијци Тие не се соочуват со големи предизвици при пазарењето со големите политички партии за влијание и ресурси. Ова доведува до компромиси и одстапувања од ромските интереси во обидот да се осигура поддршка од влијателните партии.
Потребата за единство и стратегија:
За да се преоди недостатокот на содржинска политичка програма и да се заштитат националните интереси на ромската заедница, ромските политички партии треба да работат заедно и да развијат стратегија за единство и застапување на ромските интереси во политичкиот систем.
Потребата од единство и заедничка политичка стратегија е идинствениот можен излез од ромската политичка криза.
Иако сите велат дека тие се тиа кои ке го променат ромскиот политички курс, во ваков систем тоа е невозможно а со самото тоа покажуват дека тие не ги следат ромските интереси туку напротив следат туѓи не ромски политички идеологии.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.