Spread the love

Младински културен центар – Битола организатор и домаќин на музичкиот камп во Битола од 01-10 јули 2023 во кој учествуват 25 млади луѓе од Северна Македонија, Белгија, Шпанија, Германија и Холандија. Ова е прва едукативна активност во рамките на проектот „Европска караван мрежа“ финансиран од програмата Еразмус+ од Белгиската национална агенција.

Младите луѓе се вклучени во креативен процес на развој на нови мелодии инспирирани од глобалните звуци на мултиетничките заедници (од реге преку румба каталана, традиционални македонски народни песни, латино мелодии и ромски ритми). Младите ќе го кренат својот глас, за да бидат чуени. Тие исто така, разменуваат искуства и учат за промоција на музички настани преку користење на нови иновативни алатки на социјалните мрежи Тик Ток, Инстаграм, Твитер и Фејсбук. Покрај тоа, учесниците имаат можност и да ја запознаваат Битола и македонската култура за време на нивниот престој во градот.
Финалниот перформанс со резултатите од нивната десетдневна креативна работа и дружење ќе биде изведен во недела 09 јули во летната сцена на МКЦ-Битола на ул. Цар Самоил 29 во Битола, со почеток во 20.30 часот.
Партнерски организации вклучени во проектот заедно со МКЦ-Битола се и Мадам Фортуна од Белгија (носител на проектот), Аларм Театар и Амародром од Германија, Талер де Музикс и Карабуци од Шпанија, Њу дач конекшнс од Холандија и Бекос ју арт од Франција. Проектот ќе се спроведува до крајот на 2024 година.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading