Spread the love

Санитарна криза со Ковид 19, студот , безработица и сиромаштијата е само еден показател на тешката економска и здраствена состојба на еден број на Роми жители од Општината Шуто Оризари.

Општинските власти во текот на санитарната криза дого време наоѓат многу начини како да им се помогне на своите сограѓани кои се по потрага по секојднвна егзистенција.

Бевме сведоци на ажурноста на председателката на советот на ова општина Фатма Османовска која со група жени ромки за време на првиот брана зафатен со Ковид 19 готвеле дневно десетици топли јадења за деца од најранливите семејства.

Овие хуманитарни акции покажаа бројна индетификација на семејства на кои им треба секојднвна помош од топли готвени јадења.

Индетификаиите биле ударна каписла за спроведување на зацртана иницијатива за заложбите на сузбивање на гладот кај населението кој буквално нема никакви финасиски ресурси .

Во таа насока под мотото “Нула гладни во Шуто Орозари“ Општината заедно со тим на волонтери и со подршка на компаниите Жито Лукс, Даути и Весешари започнаа со реализација на отварање на Народна кујна во која ке се дистрибуират секојдневно по 150 топли јадења за најранливите семејства од ова Општина.

Општината Шуто Оризари воедно упатува апел до компаниите чија дејснот е работа со прехрамбени продукти да се вклучат во овој проект и да придонесат хуман чин со обезбедување топол оброк за сите.

Покрај апелот до компаниите Општината исто така упатува апел и до индивидуи да се вклучат во ова хумана мисија со што ке одвојат срества за купување на потребни прехрамбени намерници .

Мозес Соломон

( Мухаџер Сулејман)

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading