Spread the love

1

ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, победија граѓаните кои ја казнија предходната Влада на СДСМ, која не најде решенија за излез од лавиринтот на националните интереси блокирана од надворешни сили.
Победата на ДПМНЕ ја прославија и ромските коалициони партнери кои беа дел од коалицијата Европска иднина предводена од ДПМНЕ , очекувајки во наредниот период нивните барања условени со бројки по изборите нивниот коалиционен партнер да ги реализира.
Освоените 2021 гласови од општината Шуто Оризари која припаѓа на ЕИ 2 очигледно е дека не ги задоволи апетитите на ДПМНЕ, па од тука и под знак прашање и реализирање на нивните барања.
Барањата се следни:
– Политичката партија РОМ од својот коалиционен партнер бараше заменик министерско место во Министерството за труд социјална политика.
– ОПЕР бараше враќање на министертсвото без ресор,
– ДСР бараше да се врати на старото директорско место во дирекцијата за заштита
– ДПР бараше директорско или заменичко директорско место во јавни претпријатија.
Но и други барања како што се вработување во јавните претпријатија и државната администрација.
Според наши непотврдени информации, ДСР односно нивниот лидер Шабан Салију има шанси да се врати на старото место во ДЗС, за РОМ ке биде доделена некоја функција која нема да биде дел од министерствата, за ОПЕР односно за лидерот на ова партија Неждет Мустафа најверојатно ке се додели некоја советничка функција, но не и враќања на минситерството без ресор со кој тој раководеше за време на владата на Груевски,пред се поради тоа што ДПМНЕ во својата изборна програма има реформирање на министерствата кои се непотребно поставени од предходната влада на СДСМ.
Најверојатно ке има вработување во јавните претпријатија, но и во државната администрација , за чија бројка ке видиме во наредниот период.

2

Фатима Османовска лидерот на Унија на Ромите и која е во коалиција со Европскиот Фронт предводена од ДУИ, има големи шанси да стане втор ромски пратеник , доколку ДПМНЕ направи коалиција со ДУИ.
Но засега таа можност е ставена пд знак прашалник.
Иако коалицијата на Европски фронт освои 19 мандати и е втора по ред со освоени мандати, тешко ке биде прифатен од ДПМНЕ да формира заедничка влада со ова коалиција, пред се што ДПМНЕ на овие избори како главен приоритет беше да се руши две децинското владеење на ДУИ чије владеење беше погубно за националните македонски интереси и чии криминални дејства ја уназадија економијата на државата.
Од друга страна самиот лидер на ДПМНЕ Христијан Мицковски, најави дека ке има преговори со коалицијата ВРЕДИ кои ја сочинува опозициониот албански блок кои освоија 13 мандати , но и простор за коалицирање со ЗНАМ кои имат освоени 6 мандати, а и со самото тоа нема потреба од коалицирање со ДУИ .
ДУИ преку своите политички анализи знаел дека на овие избори победник ке биде ВМРО-ДПМНЕ, па уште однапред дал до знаење дека победничката партија ке мора да формира влада со албанскиот политички блок односно со коалицијата Европски фронт.
Од друга страна албанскиот политички опонент на Европскиот фронт ,ВРЕДИ, Касами од БЕСА, на ова изјава кажа дека, гласовите кои ги доби коалицијата ВРЕДИ се чисти албански гласови наспроти Европскиот фронт каде за ова коалиција гласале и други етнички групи симпатизери на политичките партии на Ромите, Турците и Бошњаците.
Останува да се види во наредниот период дали Мицковски ке го промени своето мислење со кога ке ја формира владата.
Доколку тоа го стори има шанси ромската заедница да има два преставника во Законодавниот дом на Северна Македонија.

3

Шансите за уште еден ромски пратеник кој беше носител во ИЕ 5 Самка Ибраимовски лидер на ПЦЕР и коалиционен партнер на Храбро за Македонија, предводена од политичката партија ГРОМ, завршија со тотален неуспех.
Мандат не само на ова изборна единица туку и на 3, 4. 5 и 6 ЕИ не успеаа да освојат ниту ново формираната политичка партија Аваја, која на овие избори во 5 ИЕ се покажа како погубна за Ибраимовски.
Појавата на Аваја која самостојно настапи на овие за нив први парламентарни избори на некој начин се покажа како погубна Ибраимовски да освои мандат иако , ова се знаело уште по првиот круг на председателските избори каде коалицијата Храбро за Македонија освои 8.121 гласови.
Она што се случуваше за време на изборната кампања во ЕИ 5 помешу самка и Аваја беше натпревар наместо заеднички национален успех.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading