Spread the love

Се почесто гледаме маси убаво аранжирани со флаширана вода, сокови, дегустација, каде седат и разговарат одредени фактори, седејки и мафтајки со некои документи ,чии умови конструират социјално , политички и економски планови како идејни стратегии.
Да, тое е улога и задача на политичарите и невладиниот сектор во некоја нормална просперитетна и демократска земја.
Но драги мои тоа не е случај во Северна Македонија.
Невладиниот ромски сектор како и политичките ромски репрезенти се формирани од семејни, блиски роднински, брачни парови. браќа сестри, внуци тетки баби и жаби, од кои семејството има голем материјален бенефит.
И едните и другите не служат за целта која им е граѓанска и проевропска.
Тие најчесто се блиски до одредени политички партии, односно секогаш со владејачката политчка структура, истурајки мудрост и пари на големо разочарување кај својата заедница од која очекува нивната состојба да се промени кон подобро.
На вчерашниот министерски состанок за Западен Балкан кој бил одржан во Скопје, за интеграција на Ромите, со леснотија можевме да ја откриеме таа фасада преку дел од ромски говорници, Жељко Јованович-директор на канцеларијата за ромски иницијативи Отворено општество кој кажа , ке го цитирам: „ И по 20 години стратегии и проекти, Ромите се уште се чуствуват запоставено и гневно и нема значително подобрување во нивните животни услови.„ и градоначалникот на општината Шуто Оризари Курто Дудуш-Куцо чија реторика била спротивна од тоа што било покажана на елитната маса, рече дека: „Напредокот на заедницата како на локално, регионално и национално ниво ке биде видливо доколку имаме искрени намери и вистински пристап кон реализација на овие акциони планови.„

Со коментар се јави советникот во кабинетот на премиерот Ковачевски, Елвис Мемети кој рече: „ „Владата на Репубика Северна Македонија има најмногу вложено во споредба со сите изминати години заедно и тоа само во Шуто Оризари за да може да се постигнат резултати кои се видливи за локалната заедница.„ притоа бранејки ги ставовите и реализацијата на акционите планови за интеграцијата на Ромите во С.Македонија, која е спротивна на фактичката состојба на Ромите, и покрај огромниата финансиска подршка која е приоритет во заложбите за помош на ова заедница.
Спротивно на говорот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и советникот на кабинетот на премиерот Ковачевски, Елвис Мемети, е новиот извештај од Комисијата за борба против расизмот и нетолеранција „ЕКРН“ во која се споменува дека состојбата на ромската заедница на Ромите во С. Македонија не е променета по нагорна линија во сите побарани сегменти од ЕУ, здраство, домување,образование, лични документи,вработување како и намалување на антиромизмот.
На намачениот, сиромашниот, апатичниот и резигниран народ им се продава приказната за миење раце и заби, додека мнозинството луѓе со половина уво слушаат „вистини“ кои утредента нема да им носат леб на трпезата и тие што им сервираат такви вистини се мртви ладни зголемувајќи им ги платите, контролирајки ги медиумите и слободата на мислата и делувањето.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading