Spread the love

Англичаните велат едното води кон друго.

За оваа поговорка ние ромите имаме многу да зборуваме и да потврдиме дека е навистина така, а така е. Малолетнички бракови,многудетни семејства,со низок степен на едукација, неконкурентност на пазарот на труд, беспарица а големо семејство и така со генерации.

Кај нас промените одат многу бавно.

Ако сите одеа чекор напред два назад,ние ромите одевме четири назад.

Мало раздвижување донесоа стипендиите за средношколците и студентите.

Стратегии за ова се правеше со години од владини но и од невладини организации,кои помегу срефношколците создадоа хипер продукција од исти кадри и кадри кои воопшто не одговараат со барањата на пазарот,а помегу студентите уште поголема заблуда што со дипломата или Шекспирова дилема да се биде или не политички шут со можност за некакво вработување во државна институција или пак потрчко во некоја невладина организација со можност понатаму да зграбат некој проек кој ке го водат сами ама долг е патот до таму.

Нека ми простат сите чесно што си ја работат професијата,но многумина се изгубија во морето од ветувања и на едните и на другите.

Тука нивните скапи стратегии не соодејствуваа со денешните прилики и можности ,ромските академски граѓани (повекето од нив за жал)завршија факултети за кои ни самите не слушнале никогаш во животот,завршија факултети чии дипломи нема каде да се реализираат или пак работните места за нив веке не постојат.

За да не излезе дека зборувам напамет ќе спомнам некои од нив,:архивар,професор во предшклска установа, воспитувач на предшколски деца и уште многу други кои не сакам да ги набројувам од редпект кон децата кои тоа го завршиле.

Се прашувам чија вина е изгубеното време на овие деца и како ова може да придонесе во развојот на ромската заедница.

Кога веке се фрлија толку пари за стипендии зошто не им се даде приоритет на оние професии кои се бараат во Македонија па и насекаде во свсветот.

Зошто не се направи стратегија на пример со одреден број на стипендии за секој смер,па така можеби ке се насочат и оние кои немаат средства а имаат желба за учење. На оваа заедница и требаат кадри кои ке им користат и на двете страни.

На пример пивисоки стипендии за техничките и технолошките факултети наспроти општествените науки кои не менуваат ништо во животот на ромие. Повисоки стипендии за природните науки наспроти струките кои во македонија одамна изумреа,има уште многу да не ги набројувам. Но што стори НВО секторот кај нас состанчеа со години и останаа со пишување домашни бидејки тие проекти најлесно земаа проекти.

И сега се прашувам докога ке оставиме нас ромите да не носи стихијата,има ли млади луге кои ке ги земат работите во свои раце? Тоа е голема одговорност и има ли излез и како се вика тој?

Излезот од стихијата ср вика ВИСОКА СВЕСТ. Ова значи секој да си ја работи својата работа да биде стручен во својата професија и да се залага за подобрување на животот на својата заедница.

Помагањето и подобрувањето на ситуацијата на било која заедница не е ппрофесијаА кај нас стана професија, нормално е секој да побара да се награди за секоја најмала завршена работа.

Е тоа се вика немање свест а спротивното од тоа се вика висока свест.

Ако сме секаде дојденци,живееме на крајот од градот,последни не гледаат на листите за вработување ма колку и да сме стручни за некоја работа,и ако сите заедно не оделиме барем нешто од нашето време знаење и можности во корист на нашата заедница тогаш уште долго ке не носи стихијата. Ветерот ке не дува на сите страни а нај многу таму каде што не сакаме.

Ги молам сите да ја разбудат свеста во себе бидејки за нас иднина има само ако секој во себе има визија за нас.

Перјан Рахим

новинар – колумнист


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading