Spread the love

„Текстот во колумната нема никаква допирна точка со оргзнизацијата „Тајса„-ЕРИАК, ниту пак во било кој сегмент би го омаловажувале тој есклузивен ВИП ромски настан на годината.
Напротив можеме само да им честитаме на организаторите за организирањето на тој настан од типот на настан во Холивуд, воедно и на наградената ромска уметничка и ромски активист Мирга-Тас.
Таквиот настан потикна идеја за сарказам кој ја отелотвурував во ова денешна саботна колумна.
Ова го пишувам оти знам дека многумина како прва реакција ке го имат Тајса со колумната.
Нема врска читајте.„

 

Свесни или не факт е дека живееме во лаги ,интриги и мајстори за манипулации .
Оние кои се вивнаа на небото газејки низ смртните останки на заедницата станаа фактор број 1 против (не) дискриминацијата, (не) сиромаштијата…користејки ја Гебелс-овата пропагадна идеологија за супериорност.
Не се во сенка, тоа се јавни личности, политичари, лидери на организации, нивни гласноговорници кои без трунка на страв и страм и понатаму ни солат памет за постигнати добри резултати во нивното „работење„ и „залагање„ за заедницата.
И така понатаму низ сито и решето поминува раскошноста на нивните сеанси надвор од очите на обичниот смртник- давеник.
Така да според мојата маленкост, произлегува идеја , како ние и покрај честите награди (читај награди во смисол на евро-долар) на мајсториите на манипулантите да ги наградиме со посебен оскар во неколку категории барем јавно не зад кулисно со искрена желба да им дадеме наше признание за се што „сработеле„ за нас, пардон за себе.
Ни треба уникатен настан каде мајсторството во уметноста на измама, манипулација и ветувања изгледа речиси невидливо.
Но ајде да не одовлекувам , ајде да се нурнеме во виорот на шарени ветувања и чудни илузии од кои би издвоил неколку категории на награди.

Најголем ромски политички илузионист:

Номинираме политичари кои ја претвораат реалноста во магичен свет, ветувајќи просперитет, додека конечните резултати често се губат во чадот на нивната реторика.
Тие се мајстори на илузијата кои ги претвораат слоганите на кампањите во нереални соништа, а кампањите во вистинска магија, каде што проблемите се како зајаци – тие исчезнуваат побрзо отколку што ги создаваме ние.

Мајстор за манипулација во светот на невладините организации:

Оваа категорија ги истражува оние кои ја користат магијата на зборовите за да ја убедат јавноста дека промените се неизбежни, додека реалноста на социјалните мрежи изгледа како слика од бајка. Ги наградуваме оние кои можат да претворат обичен проект во ремек-дело на чиста илузија, каде малите чекори се појавуваат како големи успеси.

Најдобар Ромски звучен ефект ( гласноговорник) :

Во оваа категорија, ги предизвикуваме оние кои ги обликуваат звуците на ветувањето – звуци кои звучат волшебно, но бледнеат во тишината на реалноста. Овде, вештината за создавање звучни ефекти станува клучна; ветувањата звучат одлично, но се губат после спуштањето на завесата.

Мајстор за медна уста:

Говорници кои изговараат зборови како мед, ни кажуваат дека животот е сладок и пријатен, а од нив течат празни ветувања? Оваа категорија ги истражува оние кои лесно можат да ги завиткаат горчливите вистини во облаци од шарени ветувања, оставајќи нè да се запрашаме што навистина се случува.

Идејата е да се повикуват сите кои имат желба да присиствуват и искрено да гласат за својот фаворит, и ке биде поинаква од  типот покани за пријатели, родбини, колеги и истомисленици.

Мислам дека би уживале во еден таков уникатен настан, гледајки ги наредени на сцената сите оние избрани во овие категроии.
Да, додека би уживале во овој натпревар  да не заборавиме на сериозните предизвици со кои се соочуваат Ромите во реалноста.
Можеби оваа церемонија ке не потсетува на важноста од разбирање и решавање на проблемите, наместо да се криеме зад магични зборови кои лесно се раствораат под притисокот на реалноста.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading