Spread the love

Како што влегуваме во новата година, треба да размислиме за тоа што сакаме да постигнеме како заедница. Оваа година, нашата најдлабока желба нека биде насочена кон вистинска промена, заедничка борба за напредок и желба за крај на лажните ветувања кои често ја опкружува нашата заедница.
Ромите како нераскинлив дел од општеството имаат свои желби и соништа. Сепак, тие често се соочуваат со предизвици кои им отежнуваат да ги постигнат своите цели.
Ромските невладини организации и политичките партии имаат важна улога во обликувањето на прогресивниот пат. Наместо да се задржат на површни успеси и лајкови на социјалните мрежи, ајде од нова година да се фокусират на вистинското влијание и решавање на вистинските проблеми.
Една од клучните желби, да се запре лицемерието и манипулациите кои често ги придружуваат ромските политички актери. Отворената и вистинска комуникација со ромските медиуми да стане стандард, да се избегнат сенките на невидливите игри и ветувања кои никогаш не се исполнуваат.
Ароганцијата да се замени со понизност, а вистинската работа кон заедницата да биде над самопромоцијата. Лајкови на социјалните мрежи да не бидат мерило за некаков не реален успех, туку конкретни акции кои ќе го подобрат квалитетот на животот на Ромите. Ромските невладини организации да се фокусираат на вистинската борба против сиромаштијата, не криејќи се зад завесата на невидливото, туку разоткривајќи ги предизвиците со кои се соочува заедницата.
Нека оваа Нова година биде време за заедничка работа во остварување на овие желби.
Нека позитивните постапки зборуваат погласно од празните зборови, заедничкиот труд нека биде двигател на промените, а вистинскиот напредок нека биде мерило за успех.
Обединети во желбата за вистински напредок посакуваме во новата 2024 да се започне со позитивни промени кои ќе оформат подобра иднина за сите нас.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading