Spread the love

Изложбата “Ромски партизани – биографии и фотографии”  по втор пат била преставена , овој пат меѓу ромското население во општината Шуто Оризари, каде мнозинско население се ромската етничка заедница, и општина со која  раководи градоначалник Ром и мозински ромски совет.

Креаторот и организаторот на изложбата ,  покажа особено  задоволство од председателот на С. Македонија  Стево Пендаровски, кој ја  посети ова изложба на отворено  на самиот плоштад во населбата Шуто Оризари.

Председателот  Пендаровски за време на изложбата  имаше можност да разговара со дел од потомците на загинатите борци, одниосно  ромски партизани од времето на Втората Светска војна.

На средбата ,Петровски го запозна со дел од борците Роми од времето на НОБ, како  и накратко за состојбата на Ромите во текот на Втората светска војна.

Председателот Пендаровски и останатите присутни на изложбата биле запознати со бројката на ромските партизани учесници во НОБ, која  според Петровски  изнесува  околу 300 лица од ромската заедница од кои еден голем број го дадоа живото во борба против фашизмот и ослободување на Македонија.

Петровски исто така и се заблагодари на  советничката во кабинетот на председателот Пендаровски  Фикрија Тахир која ја организираше посетата на Пендаровски.

На средбата беше присутен  градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш – Куцо претседателот на здружението “Романо Ило” Бранислав Петровски, кој е и организатор на целиот настан.
На 7 ноември изложбата ќе биде поставена во Топаана а потоа од 13-17 ноември во Музеј на Македонија.

Фотографиите се преземени од ФБ профилот на Даниел Петровски

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading