Собирот во Берлин кој организаторите го нарекоа Светски ромски конгрес , преставува само еден чекор кон нова ера на ромско неформално политичко социјално движење ,кој ке преставува голем предизвик околу идејните стратешко социјално политички активности , кој со текот на времето ке ги развиват идните легитимно избрани преставници преку развојната ИД технологија.
На Конгресот присуствуваа близу 100 лица кои се пријавија за учество на конгресот со разни профили и професионални диспорзиции, членови на владини институции, членови на невладиниот сектор,професионални ромски политичари,наставници , професори, академици, правници, книжевници, музичари, новинари и други,преставувајки 30-тина држави од Централна, Источна Европа, Западен Балкан, учесници од Индија и САД меѓу кои и двајца познати адвокати од САД, Дајана Пост и Бари Фишер.
Берлин, бил избран за организирање на Конгресот пред се што во работните денови на Конгресот потпаѓа и одбележување на 16 мај денот на отпорот на Ромите, каде учесниците организирано на третиот ден на работата на Конгресот го посетија меморијалниот центар на убиените Синти и Роми, одавајки им едно минутно молчење за нивното страдање во времето на национал социјализмот од Втората светска војна.
Работата на Конгресот се одвиваше во три дена преку работилници за ромски организации, панел дискусии во кој се разговараше за моменталната состојба на Ромите во светот развиваји препораки и барања до креаторите на политика.
На третиот ден односно на завршниот ден беа донесени неколку декларативни содржини:
– Промовирање на целосно и еднакво учество на Ромите во сите аспекти на општествениот, економскиот и политичкиот живот.
– Борба против дискриминацијата, расизмот и предрасудите кон ромските заедници и застапување за признавање на ромската култура и наследство.
– Обезбедување пристап до квалитетно образование, здравствена заштита, домување и вработување за Ромите и справување со основните причини за сиромаштијата и социјалната исклученост Поддршка на лидерството на Ромите и зајакнување на Ромите и поддршка на развојот на ефективни организации и движења предводени од Ромите.
– Зајакнување на партнерствата и сојузите со граѓанското општество, меѓународните организации и владите со цел унапредување на правата и еднаквоста на Ромите.
– Правда за Ромите од Косово.
Воспоставување на национални и меѓународни механизми за следење и справување со прекршувањата на човековите права на Ромите и да се повикаат на одговорност одговорните за таквите повреди.
– Развој и имплементација на сеопфатни политики и програми за справување со социо-економските нееднаквости и пречки со кои се соочуваат ромските заедници
– Промоција на меѓукултурен дијалог и разбирање, како и препознавање и славење на ромската култура и наследство.
– Зајакнување на организациите и движењата предводени од Ромите и обезбедување ресурси и поддршка за подобрување на нивната ефикасност и влијание.
– Вклучување и учество на Ромите на сите нивоа на одлучување, вклучително и политичката, социјалната и економската сфера.
– 13 јуни да се прогласи за ден на сеќавање на косовските Роми.
Пред самиот крај на Конгресот бил потпишан меморандум за соработка со индиските организации и Конгресотод Берлин.
Во иднина како идеја е предложено да преку овој собир се формира работна група која ке работи на формирање ромска медиска мрежа,која ке ке има инфортмативен карактер за споделување на информации .
Според информациите на дел од организаторите, ова е само чекор кон започнување и официјално со работа на Конгресот по спремањето на онлине апликацијата за гласање, кој ја спрема Фетициа Де Роса од САД , преку која сите Роми од светот ке можат да предложат и гласат за свој кандидати, за членови на председателство и делагти на Конгресот,
Сите учесници се обрврзаа овие цели и да ги изградат за подобра иднина за ромските заедници ширум светот.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.