Вчера вечерта околу 23 часот избувнал пожар во семејната куќа на Сулејман Циндаров во улицата 23. Август во Берово, која инаку е позната улица во ромското маало во овој град.
Пожарот го забележале соседите кои го известиле неговиот постар син кој живеел во близина на куќата на Сулејман. Синот влегол во куќата и го извлекол таткото со тешки изгореници по целото тело.
Била повикана брза помош која повредениот го пренела во болницата во Кочани, каде според нашите сознанија е во тешка состојба предизвикана од пожарот и во коматозна состојба.
Истите извори најавуваат дека пожарникарите на ТППЕ Берово брзо реагирале и по кратко време пожарот го ставиле под контрола. Засега немаме информации за причината за пожарот.
Сулејман Циндаров, иако сиромашен, беше почитуван од своите сограѓани и важеше за мирен и воспитан човек. Тој живее сам во семејниот дом откако сопругата го напуштила, додека другите деца живеат во близина на семејниот дом.
Штетите од пожарот се големи, па новинарот од Кочани Сенад Расимов на социјалните мрежи сподели барање за донации од хумани луѓе за материјална помош на Сулејман Циндаров.
Видео превземен од Фб страната на: Maleshnet.mk / Малеш Нет
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.