Spread the love

Претседателот на Владата во заминување на Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја посети ромската општина Шуто Оризари во Скопје, со што го означи почетокот на изградбата на Ресурсниот центар за повратници и други ранливи категории граѓани. Овој потег има за цел да ги подобри условите за живот во оваа ромска населба, што е за пофалба. Сепак, контекстот на посетата треба внимателно да се разгледа.

Премиерите и другите високи владини функционери ретко или никогаш не ја посетуваат оваа ромска населба меѓу изборните периоди. Оваа реткост на посети ја нагласува сериозноста на проблемите во заедницата и го поставува прашањето за искрената грижа на властите за ромската популација. Доколку нивната посета е ограничена на изборни кампањи, се поставува прашањето за реален интерес и посветеност за решавање на ромскиот проблем.

Важно е да се напомене дека оваа посета се случува во време кога се наближуваат парламентарните избори закажани за за мај ова  година, и председателските во април. Ова го наметнува прашањето за вистинската намера на властите и дали ромските заедници се алатка за политички цели или вистински партнери во градењето на заедницата.

Посебно, треба да се истакне дека Ромите претрпеа загуби по доаѓањето на партијата СДСМ на власт. Го загубија министерството без ресор, неколку заменички министерски места и директорски места, иако пред осум години гласаа за СДСМ со надеж дека таа партија ќе донесе позитивни промени. Оваа загуба може да се толкува како недостиг на препознавање на важноста на ромската заедница и покренува прашања за долгорочното влијание на политичките одлуки врз оваа популација.

За време на изборите, политичките потези стануваат поважни од кога било, но ромската заедница заслужува континуирано внимание и решавање на нивните реални потреби. Времето ќе покаже дали оваа посета на ромската општина ќе донесе вистински промени или ќе остане само уште еден изборен потег.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading