Spread the love

На 8-ми декември 2023 во Брисел-Белгија Групата „Esma’s Band Next Generation“ одржа настап во Брисел, каде беше промовирано здружението „Esma – Carrefour des Cultures“. Ова здружение има за цел да ја промовира ромската и балканската култура и музика во Белгија. Претседателот на здружението Оливие Бони нагласи дека тие се основани во 2020 година во Шарлроа, но првично имаа ограничени активности поради пандемијата.

Во Брисел беше отворена канцеларија на здружението, која вклучува библиотека и центар за документација за да може белгиското општество подобро да ја запознае ромската култура. Здружението има за цел да ги разбие предрасудите за ромската популација и да започне дијалог меѓу луѓето од различно потекло.

Името на здружението доаѓа од познатата пејачка Есма Реџепова, која беше голем амбасадор на ромската култура. Здружението планира различни проекти, меѓу кои и театарска претстава која ќе ја промовира ромската култура.

Елеонора Бони, единствената ќерка на Есма и член на „Esma’s Band Next Generation“, ја истакнува традицијата во ромската заедница каде од жените се очекува да останат дома и да не се занимаваат со уметност. Здружението сака да ги промени ваквите ставови и да ги поддржи идните генерации.

Здружението исто така планира да соработува со слични организации од други земји за да ги промовира своите цели надвор од Белгија. Моментално се занимава со организација на изложби, претстави и театарски претстави посветени на Есма.

Менаџерот на „Esma’s Band Next Generation“, Симеон Атанасов, посочува дека здружението ја промовира ромската култура на вистински начин.. Се споменуваше и прашањето за меморијалниот музеј на Есма во Скопје, каде што се води судски спор поради нејзиниот тестамент.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading