Spread the love

Интервју со Реџеп Али Чупи

 

ЕРП. Можете ли да ни кажете повеќе за целите на Фондацијата за образование на Ромите во однос на менторската програма во средните училишта?

Р.А.Чупи  Фондацијата за образование на Ромите во Србија, лани одбележа 17 години од имплементацијата за моделот менторство за средношколци Роми во земјата. Оваа интервенција е дел од пакетот за поддршка на средношколците Роми кои покрај средношколските стипендии, добиваа и дополнителна образовна поддршка преку менторство. Министерството за образование во Србија во 2019 година го презеде стипендирањето на средношколците Роми и продолжи да го имплементира од свои буџетски средства. Фондацијата до минатата година ја имплементираше компонентата за менторство.

Наша заложба е по примерот како што беше преземено стипендирањето, да се преземе и менторството од страна на Министерството за образование со цел да им се овозможи на средношколците Роми во Србија цел пакет на поддршка кој покрај стипендијата како финансиска ќе обезбеди преку менторството и дополнителна образовна поддршка

ЕРП.  Како менторската програма ќе придонесе за намалување на јазот помеѓу образовните резултати на ромската и не-ромската популација?

Р.А.Чупи  Досегашните интервенции преку менторството покажаа одлични резултати. Ќе споменам само дел од нив.

– Процентот на откажување од образовниот систем е намален од 7 на 0,46%.

– Средната просечна оцена е покачена од 2,88 на 3,73.

– Бројот на средношколци Роми кои успешно го завршиле средното образование е зголемен од 90 на 150 само во една учебна година.

Со вакви резултати не се постигнува само проодност од една во друга школска година туку сериозно се подобрува и квалитетот односно резултатите што ги постигнуваат учениците Роми на крајот на секоја школска година што пак резултира и со зголемен број на средношколци кои навреме и успешно го завршуваат нивното средно образование. 3. Кои се менторите во оваа програма и како се избираат?

Ментори се професорите и дел од стручниот персонал кој што работи во средните училишта. Фондацијата за образование на Ромите разви три модули на обуки кои беа акредитирани и одобрени од страна на Министерот на образование во Србија.

 

– Модул 1 – Вовед и улогата на менторот.

– Модул 2 – Менторска пракса со учениците.

– Модул 3 – Менторска поддршка за учениците Роми во процесот на стекнување на компетенции релевантни за 21-от век.

Вкупно 570 ментори успешно ги поминаа обуките кои ги организираше Фондацијата за образование на Ромите од 2017 година. Инаку изборот на ментори го прави самото училиште врз основа на потребите кои ги имаат учениците, а секоја школска година беа опфатени по 300 средношколци Роми во над 90 средни училишта во земјата.

ЕРП.Кои се клучните препораки од публикацијата „Препораки за институционализација на Програмата за поддршка на менторството“ на Зденка Миливојевиќ?

Р.А.Чупи  Минатата година кога одбележавме 17 години од менторската програма, најавивме дека ќе отвориме дијалог со сите релевантни чинители и учесници кои беа директно или индиректно вклучени во менторската програма со цел да изнајдеме соодветен начин и можност за институционализација на менторството во образовниот систем во Србија.

После цела година работа која вклучуваше многу состаноци, разговори, размена на идеи, искуства и анализа на законската регулатива во Србија, објавивме документ кој што содржи конкретни препораки до Министерството за образование зошто е важно менторството и на кој начин може истото да се институционализира со тоа што би било достапно не само на учениците Роми, туку и на сите останати кои имаат потреба од дополнителна образовна поддршка.

ЕРП.  Како Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог ја поддржува оваа програма?

 

Р.А.Чупи  Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог во рамките на Владата на Република Србија е одговорна институција која ја следи имплементацијата на Националната Стратегија за Роми и акциските планови. Ние со ова Министерство веќе неколку години имаме воспоставено одлична соработка на партнерско ниво и взаемно се трудиме да ги исполните нашите заеднички цели кога станува збор за образованието на Ромите. Имајќи го во предвид ова, оваа институција односно Министерство е наш важен партнер во нашите напори за институционализација на менторството преку нивното влијание што го имаат во Владата на Република Србија.

 

ЕРП.  Како Министерството за образование ќе спроведе афирмативни мерки кои ќе придонесат за поголема вклученост на ромската зедница во образовниот систем на Србија?

Р.А.Чупи   Ова прашање сметам дека треба да им го поставите на претставниците на Министерството за образование или на самиот Министер и од нив да побарате одговори.

ЕРП. Кои се следните чекори за воведување на менторската програма во образовниот систем?

Р.А.Чупи  Дијалог со претставниците од Министерството за образование, заедно со менторите и другите клучни институции кои имаат надлежност за ова прашање.

Ние ќе направиме се што е во наша можност да ги убедиме клучните чинители за важноста и бенефитите кои што ќе ги има образованиот систем во целост, а потоа и самите ученици од институционализацијата на оваа мерка бидејќи реформите кои што се прават во образовниот систем во Србија налагаат ваков тип на поддршка кој ќе овозможи полесна и успешна имплементација на сите новини кои што се планираат од страна на властите во областа образование.

ЕРП. Како планирате да ја подобрите поддршката за средношколците Роми во иднина?

 

Р.А.Чупи  Ние како Фондација досега направивме многу и сметаме дека со институционализацијата на менторството ќе се заокружи еден процес кој ќе понуди пакет на мерки и интервенции кои ќе гарантираат пред се квалитет, успешно и навремено завршување на средно образование како и успешна транзиција на пазарот на трудот и терцијалното ниво на образование.

ЕРП. Кои се резултатите и искуствата кои беа особено истакнати за време на конференцијата?

Р.А.Чупи  Резултатите се веќе споменати во претходните одговори на дел од вашите прашања, а искуствата на учениците, нивните родители и ментори се исклучителни позитивни и вредни за понатамошна имплементација на досегашните интервенции, за кои сме убедени дека ќе доведат до унапредување на севкупниот образовен систем вклучувајќи ги не само учениците Роми, туку и сите останати кои имаат потреба од ваков вид на поддршка.

Чупи има заврпено високо образование  на Унивезитетот  Кирил и Методија  отсек Правен факултет, и на  приватниот  универзитет ФОН, катедра за европска и меѓународна политика со дипломатија .

Човек кој има  богато политичко искуство во ромската политичка партија, Сојуз на Ромите од Македонија,  поранешен директор во Министерството за образование и наука, поранешен мрежен координатор во Ромскиот образовен фонд,   бил ито така вклучен во програмата на  Советот на Европа Ромактед, и сегашен директор во Фондацијата за образование на Ромите.

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading