Spread the love

Невладината организација Ромаверситас со остра реакција на социјалните мрежи по повод дискриминирачкиот став на Медициснкиот факултет во кој се одбиени неклку Роми студенти иако овие студенти имале од 90 до 95 бодиви.
Студентите од „Ромаверзитас“, по објавување на резултатите и реакциите на студентите кои не се примени на Медицинскиот факултет, почнаа кампања против Злоупотреба на квотите на целиот универзитет и корекција во примената на уписната политика.
Елвис Мемети, советник за инклузија на Роми во Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, целосно ги разбира и поддржува реакциите на студентите и ги подржува нивните напори во нивното барање за овозможување влез и образование на сите пет студенти. Затоа што бројот на Роми кои што го продолжуваат образованието и бројот на доктори Роми е мал и е дефицитарен во државата и во регионот.
Тој на својот ФБ профил го напиша следново:
„Кога имаме реакции дека ромските студенти не се примени на Факултет или не успеваат да дојдат до еднакви шанси за натпревар, согласно актуелните уписи и злоупотреби, тогаш таа политика треба да се промени или да се корегира нејзината примена. Во овој случај да овозможиме влез и образование на сите пет студенти. Затоа што бројот на Роми кои што го продолжуваат образованието и бројот на доктори Роми е мал и е дефицитарен во државата и во регионот„.

Доколку не се остварат нивните  барања Ромаверзитас најавува протести и поставување на шатори пред  Владата на Северна Македонија.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading