Spread the love

Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико преку соопштениое до медиумите известува за денешниот протест, и ја изразува својата сериозна загриженост и незадоволство кон селективната правда кон Ромите, со посебен фокус за правдата во случајот со смртта на 10-годишниот Мануел Асановски, кој загина во сообраќајна несреќа.
Ромалитико во своето соопштение тврди дека има селективна правда во случаите во кои се вклучени припадници на ромската заедница.
Организаторот на протестите Ромалитико ги изложува своите барања кон судот и властите. Нивното барање вклучува поголема казна за обвинетиот, еднаков пристап до правда и учество на ромската заедница во судската власт.
На овој денешен „ Марш за правда„ според соопштението на Ромалитико присуствувале околу 600 граѓани, кој покажува широка поддршка кон идејата за прекин на селективната правда.
Изјавата на извршниот директор на Ромалитико, Елвис Шаќири, ги подвлекува неправдите и дискриминацијата кон Ромите и бара реформи за обезбедување на правични судења.
Во истото соопштение се спомнува и изјавата на советникот од кабинетот на премиерот на Р.С. Македонија Ковачевски, Елвис Мемети кој изразува спремност за промени во праксата и потребата за посебна внимателност во сензитивни случаеви.

Целото соопштение можете да го прочитате подолу

Соопштение за јавност

24.11.2023, Скопје

Ромалитико: „Судските органи да престанат со селективната правда кон Ромите

Во организација на Ромалитико денес се одржа протестен марш кој започна од Пластичарска и продолжи пред Основниот Кривичен суд. Ромалитико побара казната за обвинетиот да биде максимална.

– Губењето на животот на мојот син е трагедија и болка којашто ќе не следи до крајот на животот и најмалку што може судот да направи е да донесе праведна одлука за казна на сторителот, спремен сум да ја изгурам правдата до крај, истакна таткото, Себастиан Асановски.

Обвинетиот со возило Мерцесес на 12 октомври со брзина од 76 километри на час односно 26 километри на час над дозволената брзина од пропишаната го усмрти 10 годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на трагедијата.

– Ги повикуваме судството и властите да ги признаат овие неправди и да преземат итни мерки за да се отстранат овие разлики. Крајно време е да се стави крај на овој дискриминаторски третман. Бараме реформи кои обезбедуваат правични судења, непристрасни пресуди и еднаков третман на сите поединци, без разлика на нивната етничка припадност, истакна Елвис Шаќири, Извршен директор на Ромалитико.

Пред Основниот Кривичен суд од страна на лицата кои протестираа беше побарано:

– Казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторено кривичното дело;

– Еднаков пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаеви кога жртвата е Ром/ка

– Активно учество на ромската заедница во судската власт.

На протестниот марш учествуваа околу 600 граѓани од целата држава кои дадоа поддршка да се престане со селективната правда кон ромската заедница.

– Го подржувам и го разбирам револтот и барањето на граѓаните. Свесен сум дека истите вклучуваат и низа барања кон клучните актери во државата. Оваа пракса треба под итно да се смени и после овој протест од граѓаните и јавноста, надлежните инстанци – треба 10 пати да мерат пред да пресудат, особено во сензитивни случаеви во кој што директно се влијае врз животот, достоинството и сигурноста на граѓаните и заедницата, истакна Елвис Мемети советник во кабинетот на премиерот на Р.С.Македонија Ковачевски.„

 

Фотографиите се преземени од  ФБ на Ромалитико

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading