Spread the love

Првиот роман од ромски автор кој овие дена ке треба да излезе од печат е „Инцест„ од ромскиот долгогодишен писател и автор на многу бројни стихозбирки на ромски јазик Рамадан Мустафа-Рамче.
Со „Инцест„ Рамче учествуваше на овогодишниот поетски фестивал на издавачката куќа Песно-пој од Битола, со кој ја освои првата награда.
Ова табу тема за која ретко кој може да се зафати да ја разработи Рамче ја имаше инспирацијата од своите војнички години, и разговор со еден свој пријател од времето кога тој ја отслужувал својата војничка должност.
Главното случување на овој роман е кука на едно четири члено семејство од висока класа од времето на СФР Југославија- Скопје, чије семејство и покрај тоа што се високо образовани преовладува патријахалниот начин на живот.
Татко висок офицер во Југословенската народна армија ( ЈНА) , мајка професорка, синот ученик во средно медицинско и керката ученик во средно балетско училиште.
Како главна тема на овој роман е инцесот помеѓу братот и сестрата, психолошкиот проблем по дознавањето на инцесот, промена на либидото на семејството и.т.н.
Инаку романот го отсликува и начинот на животот на младите од Скопје, еволоирајки ги спомените на главното скопско корзо пред  Грдаскиот Трговскиот центар, познато место каде во тоа време се собираа скоро сите млади од цело Скопје и околината, средното музичко и средното медицинско училиште.
Приказната за ова испричано дело завршува кога братот во приканзта се праќа во „ чистилиште„ -ЈНА, и овде не е крајот на приказната.
Приказната е без финален крај, оти авторот смета дека во наредниот период под друг наслов ке го издаде и вториот дел на ова приказна, која барем за едно наше општество во кое живееме е табу тема, за кој никој не сака да разговара ниту пак да се зафати со таков предизвик.
Инаку Рамадан Мустафа Рамче е долгогодишен поет, и ромски писател и член од 2023 година на „ Друштвото на македонски писатели.


Тој засега има објавено безброј стихозбирки на поезија со многу наслови и освоени награди меѓу кој се:
– признание за Развој на ромската култура и пишаниот збор на Општина Шуто Оризари во 2018 година,
– пехар од свестки фестивал на ромска поезија во Белград-Србија во 2021 година
– Плакета од Влада на С. Македонија за развој на ромската литерататура во 2022 година,
и уште многу други награди од фестивали на кој тој самиот конкурирал.
Покрај сето ова тој има и свои дела во Антологијата на македонската литаратура.
Едно од неговите најомилени дела е стихозбирката „ Dandardi phabaj » (Гризнато јаболко) за која иснпирација му била секојдневните немири кој здравото тело на човекот се соучува со животните предизвици.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading