Spread the love

Според анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка- МЦМС, а објавена на Радио Слободна Европа, Ромите во Северна Македонија се нај непосакувани за соседи со 52,1% од анкетираните во анкетата “ Какви соседи (не) би сакале да имаат македонските граѓани?„.
Интересен е фактот  што во анкетата била поставена посебна графа за анкетно прашање за Роми и посебна графа за етничка припадност, па од тука е и прашањето дали Ромите се етничка припадност во Македонија или припаѓаат на некоја друга категорија на заедница.
Со години политичките па и ромскиот невладин сектор ја манипулират ова заедница дека Ромите како етничка припадност се дел од македонското општество, дел од заедничкиот соживот, дел од меѓу етничкиот мултикултурен… вистина така е, но рука на срце само на хартија, ами ако велат „папир трпи се„ .
Реалноста е таква каква е , анкетата само ја покажува грдата слика на кое ниво е меѓуетничкиот соживот, колку Ромите се посакувани и како соседи и како колеги и како соученици и како …
Тешко е да се верува во некаква хармонија за еднакво општесво и отворени вредности во некоја блиска или малку поодалечна иднина.


Засега ромската заедница нема ниту храброст нити идеја со која би се избориле против предрасудите и дискриминацијата на мирољубивата ромска заедница , не само во Мк туку и во цела Европа, каде секојдневно се соочуват со дисркиминација и расизам.
Македонија претедентира да стане членка на Европската Унија следејки ги препораките за интеграција во ЕУ, која со години се преставува како мултинационална држава, наспроти реалноста на политиката која ја води и која државата е длабоко во ориентациона бинационална отколку во мулти национална држава , во која сите заедници ги имат истите права ( во овој случај Ромите).
Тешко, многу тешко ромската заедница по сето ова се уште да им веруват на политиките за мултинационално општесво на политичарите кои креират политики, на локалните ромски политичари кои по се што се спроведува па макар тоа било погрешни политки кон Ромите им се дава голем„Амин„ и да не ги заборавиме ниту ромските граѓански здруженија кои се пасионирани кон политиките поради нивниот финансиски опстанок.
До кога вака?- засега немаме одговор

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading