Светската надворешната политика која е голем национален капитал за сите народи, не е баш наклонета кон ромската заедница, иако од неја зависи и опстанокот на заедницата.
Таа надворешна политика не ја допира генерално туку површински заедницата на Ромите кои немат своја држава, не се признати како нација, а сепак слушаме дека таа политика се претвора во популизам прикривајки ја реалноста од фикцијата.
Интерно глобалните проблеми на кои наидуват секојдневно Ромите, дефинитивно нема голем политички интерес на Меѓународно ниво ниту елемент на светска политика зад која ке стои некоја голема супер сила.
Досега главните компоненти кои го креират интересот на Ромите се преставени од не ромски политички партии, не ромски организации, преку кој тешко може да се изгради вистинска ромска политичка стратегија, која би била важна за иднината на ова заедница ширум Европа.
Па од тука и констатацијата дека ние како Роми секаде сме само како гости дури и во нашите домицилни држави.
Ако е тоа тоа, тогаш секогаш домакинот го има првиот и последниот збор, па дури и самата конструкција на компонентата за човекови права, без сопствена политичка стратегија тешко или воопшто нема да има влијание како етнички елемент на Меуѓнародната политика.
Недостаток на учество во процесите на одлучување и креирање политики придонесува Ромите да се под силно влијание на политичките одлуки, кои се земени без нивно учество.
Многу ромски организации се обидуват со години да издејствуват признавање на ова етничка заедница како нација без територија,да добијат место во Европскиот парламент и во Обединетитет нации, за да можат сами да се преставуват на Меѓународно ниво.
Со бројка од 12 милиони Роми во Европа тие заслужуват да бидат преставени како и останатите држави меѓу кои и држави со многу помал број од ромската популација во Европа.
Европската Унија (колку вердостојно) се залага преку реформи да наметне расна и етничка правда како идна изградба на новиот европски поредок, но за жал ова многу малку или воопшто не фукционира во одредени земји од Унијата поради растот на екстремната десница и владите со десна политичка ориентација,кои сакат да ја задржат ромската емиграција надвор од своите граници, и во скоро сите земји од Источна Европа, и покрај условите за некои земји за пристапните договори за европска интеграција на земји кандидати за влез во унијата,со која тешко е да се даде гаранција за еднаквоста во можностите за развој на Ромите.
Расната супериорност е пречка во Европа која не е имуна на употребата на расните и етничките прашања за политичките цели.
За да се намали верувањето дека ромите се гости насекаде па дури и во сопствените домицилни држави, потребно е формирање на ромска елита која ке го предводи Меѓународното ромско движење и која ке се стреми на проширување на правната заштита на Ромите, преку правните законски нормативи кои се добри но не и доволни.
Ова ромска елита ке треба да работи на градење на индетитетот како најважен елемент за зајакнување на самото ромско движење, преку које ке се створи позитивна слика за Ромите, а од друга страна уништување на предрасудите и името „циган„ кој е наментат од не Ромите, и воедно постигнување на духовно и ментално ослободување од негативните стереотипи.
Она што треба да ги обединува Ромите и ромското движење е угнетениот индетитет и ранетиот дух и душа на Ромите.
Но сепак постои нешто што денес сме сведоци на сите случувања и креирања на политиките на светско ниво, а тоа е,политиката во светот не работи врз основа на правда туку на база на сила.
Ако е така ,а така е тогаш дали воопшто можеме да се избориме без политичка воља на големите сили преку нивната надворешна политика, или тоа ке биде како и секогаш, давање милостиња, креирање на краткорочни политики со кратка социјална економска и правна помош?
Одговорите ви ги препуштам на вас.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.