Spread the love

Поднесена преставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
е утврдување на индиректна интерсекциска дискриминација врз основа на етничка припадност, социо-економска положба и припадност на маргинализирана група, во пристапот до лични исправи во контекст на остварување на правата загарантирани во членот 27 од Уставот на Република Северна Македонија-слободата на движење во и надвор од државата односно правото на напуштање на сопствената држава.

Претставката е поднесена од Европскиот Центар за Правата на Ромите (ЕЦПР) од Брисел, како меѓународна организација која има за цел заштита на правата на Ромите и борба против дискриминацијата кон нив во Република Северна Македонија и Европа. Во претставката се истакнуваат последиците од ненавременото спроведување на обврските од Преспанскиот договор, конкретно во контекст на процесот на вондредна промена на личните исправи на граѓаните во рок од пет години.

Притоа, се нагласува дека неможноста за закажување термин, недостигот на обрасци и финансиските трошоци поврзани со аплицирањето за нови лични исправи предизвика диспропорционално сериозни последици за голем дел од припадниците на ромската етничка заедница кои на овој начин повторно се изложени на институционална дискриминација и финансиски трошоци. ЕЦПР изразува загриженост поради неорганизираното дејствување на Министерството за внатрешни работи и настојува Комисијата да утврди индиректна дискриминација во пристапот до лични исправи, со посебен фокус на етничката припадност, социјално-економската положба и припадноста на маргинализирана група.

Токму поради маргинализираноста на ромската заедница, во претставката се истакнува дека голем дел од Ромите особено оние кои живеат на работ од егзистенцијата, ќе бидат меѓу последната група граѓани кои задоцнето ќе се стекнат со лични исправи, а дел од нив нема воопшто да се стекнат со истите. Ваквата состојба предизвикува повреда на нивната слобода на движење, како и потенцијален ризик од казни поради непоседување валидни исправи, со потенцијални последици за граѓанскиот статус на ромски семејства, изложени на проблемот на интергенерациска апатридија.

Поради тоа ЕЦПР предлага специјални афирмативни мерки, вклучувајќи бесплатен пристап до лични исправи (возачки и пасоши) и давање на приоритет при обезбедувањето на термини и обрасци за оваа категорија граѓани.

Ваквите специјални афирмативни мерки би имале посебно значење во контекст на претходната пракса на расно профилирање на Ромите и противуставно задржување на нивните лични исправи (пасоши и лични карти), што беше документирано во периодот од 2009 до 2019 година и утврдено од страна на домашните судови и ЕСЧП (Пресуда Мемедова и други против Република Северна Македонија, Апликација бр. 42429/16 и две други). За потсетување, во минатото Уставниот суд на РМ потврди противправното постапување на вработените во Министерството за внатрешни работи кон припадници на ромската заедница , со што укина дел од законските одредби поврзани со издавањето на патни исправи.

Текстот до ЕУ Ромапрес е испратено од Сали Сенада

правен директор и адвокат  во ЕЦПР

Европски центар за правата на Ромите

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading