Spread the love

Според Рома прес, председателот на ромската политичка партија ПЦЕР Самка Ибраимовски, на следниве председателски избори ке се кандидира за председател на Северна Македонија.
Како што информиора Ромапрес, ПЦЕР за кратко време собра потписи за преригистрација на партијата која е задолжителна во согласност со Законот за политички партии во С.Македонија, со кое ке се потврди неговиот опстанок на ромската политичка сцена.
Извори за овој ромски портал потврдуват дека председателот на партијата Самка Ибраимовски ке биде кандидат на престојните председателски избори, поради одлуката на самото раководтсво и членовите на партијата, која преку ова можност сакат да ја испитат силата на партијата, и воедно колку ромскиот електорат е заинтересиран да има свој кандидат Ром за председател на С. Македонија.
Председтелот Самка Ибраимовски во вид на коментар на социјалната мрежа Фб напиша дека информациите кои ги доби Рома прес се точни но се уште партијата нема конечен став.
Во блиска иднина ПЦЕР ке излезе со јавно соопштение до ромската и пошироката јавност со повеќе детали, во однос дали Ибраимовски ке се кандидира за председател или не.
Можеби ова е само пробен балон, за да се испита пулсот на ромската заедница односно на ромскиот електорат.
Но во секој случај ако се донесе став на партијата за нивен кандидат ова ке биде многу храбар чекор не само за Самка Ибраимовски, кој важи за еден од најстарите ромски политичари, туку и потик и мотивација за другите политичко ромски партии, иако резултатот е веќе однапред познат, со оглед на гласачката моќ на ромскиот електорат во С: Македонија.
Самка Ибраимовски зад себе има долго политичко искуство, како председател на ПЦЕР, заменик министер во министерството МТСП, претеник, заменик директор за јавни патишта…
Ромската заедница очекува консолидирање на ромските политички партии преку ромска национална платформа која ке работи во интерес на заедницата.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading