Spread the love

Продолжуваат лажните информации за исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје Вања Ѓорѓевска. Овој пат жртва на лажни информации е Сеанад Маљоку, жител на Франција, кој беше нападнат преку лажниот Фејсбук профил „Фатиме Фатиме Фатиме“. На овој профил е објавена негова фотографија со натпис „Киднаперот на  деца, се вика Сеанад Маљоку“.

Истата објава ја презедоа и други профили на Фејсбук  кои ја проширијја  на социјалните мрежи Фејсбук и ТикТок, многумина без никакви аргументи и докази, нанесувајќи му штета на самата личност, како и на  истрагата и душевната болка на семејството на исчезнатото девојче Вања.

Според Маљоку, со кого контактиравме, неговите пријатели пред три дена го известиле дека неговата фотографија со јавното обвинение за киднапирањето на Вања е објавена на лажниот профил „Фатима Фатима Фатима“. Тој тврди дека ова е голема лага. „Во Франција сум 15 години, за тоа време никогаш не сум бил не само во Македонија, ниту во родното Косово, ниту сум влегол на Балканот, не знам која е мотивацијата на овие чести напади врз мене. Не ми е јасна  причината зошто овој лажен профил често ме напаѓа мене и моите колеги од РТВ Рома каде што сум сопственик.Преку истиот профил често се објавуваа бизарни лажни објави со фотографии од моите колеги.Иако го имаме пријавено овој профил неколку пати истото име продолжува да не напаѓа преку други профили.Навистина не знам што е причина,но со тоа што се случи пред три дена обвинувајќи ме за киднапирање деца верувајте  искрено психички сум парализиран. Дали е можно луѓето да бидат толку монструозни, особено оние кои го објавија ова лажно обвинение на нивните Фејсбук профили. Да ако е така, француската полиција веднаш би ме контактирала според протоколот за полициска соработка со ЕВРОПОЛ“, вели Сенад Маљоку.

Инаку, Сенад поднел претставка до францускиот полициски комесаријат за пронаоѓање на сторителот на лажните пријави против него, а контактот со МВР на Македонија е во тек со сомневање дека лажниот профил и неговата IP адреса се од Македонија.

Да напоменеме дека Вања Ѓорѓевска исчезна на 28 ноември минатиот месец во Скопје, на пат кон училиштето Песталоци кај Дебар Маал. Последен пат била видена на булеварот на Партизанскиот одред пред „Броз кафе“ каде се изгубила. По барање на Министерството за внатрешни работи, по исчезнатата Вања Ѓорѓевска е распишана меѓународна потерница од Интерпол. Од МУП информираат дека за расчистување на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче, преземено е дејствие веднаш по приемот на пријавата. Вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се серија разговори со лица блиски до малолетникот, извршени се увид на камери, а по барање на МУП, по исчезнатата Вања Ѓорѓевска е распишана меѓународна потерница од Интерпол.

Истовремено, министерот за внатрешни работи Р.С. Македонија, Оливер Спасовски, посочи дека ќе бидат откриени сите профили кои објавуваат лажни вести и дека сите ќе бидат повикани во полициска станица и казнети ако се утврди дека ја загрозуваат безбедноста, односно истрагата и придонесуваат да има сериозна штета во јавноста, ќе се преземаат мерки заедно со јавниот обвинител.

 

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading