Првиот текст се однесува на ситуацијата околу концертот посветен на Есма, каде што Симеон Атанасов најавил тужба против организаторите. Според информациите, авторските права на четири од 11 изведувачи на концертот припаѓаат на Атанасовски, и тие се редовно платени преку ЗАМП.
Се наведува се дека концертот не бил комерцијален, влезот бил бесплатен, а целта била да се одбележи 80-годишнината на Есма. Изворот исто така вели дека на Симеон е понудено да биде дел од настанот, и дека Министерството за култура имало доделено средства за организација на концертот.
Во вториот текст, Симеон Атанасов демантира за ЕУ Ромапрес кој тврди дека не му биле понудени финансиски средства и дека организаторите без негово одобрение организирале настан каде што се преснимани и изведувани негови композиции. Тој исто така ги споменува тестаментите ( тие се подолу под текстот) на неговата небиолошка мајка Есма Реџепова Теодосиевска, каде што јасно се дефинираат наследниците и авторските права. Текстот се завршува со неговото обвинување за неовластено користење на неговите композиции и соочување со тужба.
Во прилог ви го доставуваме текстот на Симеон Атанасов кој го испрати до ЕУ Ромапрес:
„Пред се сакам да ви се заблагодарам што се заинтересиравте за овој случај. Впрочем после смрта на нашиот професор Стево Теодосиевски јас продолжив да го водам ансамблот Теодосиевски, и тоа по негова желба, јас да бидам лидер на бендот. Достојно го водам овој бенд речиси 27 години, и никој до сега не го оспорил тоа, но ете Г-динот Зоран Димов се осмели без никакво одобрување да организира настан во кој се преснимени и и изведени мои композиции кои што се заведени во ЗАМП, напоменувам дека авторско дело може да одобри само автор, доколку се земе едно авторско дело и се пресними, тоа е кривично дело за што се одговара пред судските органи. Мојата небиолошка мајка Есма Реџепова Теодосиевска, зад себе остави два тестаменти од кои што еден за музејот каде што јасно нагласува дека единствен наследник е министерството за култура на Република Македонија, во истиот тестаментот стојат сведоци- потписници, Зорана Костовска и Цветанка Орешковиќ. Додека во вториот тестамент јасно нагласува дека сите авторски права ми припаѓаат на мене, на овој тестамент сведоци- потписници се, Весна Ѓеоргиевска и Крсте Ѓеоргиевски. Речиси седум години нејзините внуци од браќа и сестри, Реџепови, ги оспоруваат овие официјални тестаменти, и ја оспоруваат последната желба на Есма и Стево Теодосиевски. Што се однесува до овој настан кој што го организираше Г-дин Зоран Димов, веќе ја информирав јавноста со следната моја изјава: Почитувани пријатели, Апропо настанот кој што ќе се одржи вечерва во кино “Фросина ” МКЦ, би сакал да ја известам Македонската јавност зошто не сме вклучени ние како Esma’s Band, а сме единствени наследници на музичкото творештво на Есма и Стево Теодосиевски.
Организаторите на настанот без никакво одобрување, напоменувам авторско одбрување за преснимување и изведување на мои композиции, за што ќе одговараат пред судиските надлежни органи, се нафатија да организират музички настан, вклучувајќи уметници кои што никогаш немале допирна точка со Есма. Благовремено ги известив дека не е време да се организира било каков настан бидејќи се чека разрешница од судскиот спор кој што трае речиси седум години. Ги известив дека од политички причини музејот е оставен да биде руиниран и не е во ред за ситни пари да се продаде името и делото на Есма и Стево Теодосиевски. Пред 7 дена, организаторот ме извести дека се земени парични средства од Министерството за култура и дека настанот сепак ќе се одржи. Ние како Esma’s Band и Елеонора Мустафовска, како едиствен женски вокал кој што е школуван од Есма, ја претставуваме достојно на сите светски фестивали во светот и секако музичкото творештво на нашите ментори.Но, еве некој се осмели тоа да го оспорува. Како лидер на Esma’s Band и како автор на повеќе од 200 композиции кои се снимени и изведувани од Есма, забранив истите да се изведуваат на овој срамен настан. Напоменувам дека немам ништо против да се организираат настани на кои ќе се спомнува ликот и делото на Есма и Стево Теодосиевски, но тоа да биде законски и достојно. Очекувам судскиот спор да се реши, за да може министерството за култура, да си го превземе објектот, за да можеме заеднички да организираме настани кои ќе бидат достоинствени за моите ментори Есма и Стево Теодосиевски.
Што се однесува до трач муабети дека ми се понудени финансиски средства за да одобрам еден ваков настан, апсолутно ги отфрлам како типични невистини. За мене не постои цена која што може да ја купи довербата која што ја имаа Есма и Стево Теодосиевски во мене, не дозволувам никој да си игра и за ефтини пари да го продаде ликот и делото на на овие великани.„
Што се однесува до информациите дека авторските права се платени преку ЗАМП Атанасов вели:
„Пред се секој организаторот е должен да ги плати давачките кон ЗАМП, но тоа не значи дека јас како автор сум согласен да одобрам преснимување на мои авторски песни. Никој не ме прашал дали сакам моја композиција да биде преснимена, преаранжирана и изведена, е за тоа се одговара. На сите песни фигурирам како автор, дали е тоа текст, аранжам или мелодиска линија, но на 4 композиции сум комплетен автор.
Вториот тестамент:
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.