Во денешно време навистина се чини дека златната генерација на млади и образовани Роми) има голема надеж за просперитет во однос на генерацијата од бронза која си заминува.
Но младата идеологија ја губи политичката коректност, и се повеќе спаѓа во сонливиот патриотизам, ставајки се себеси своето смејство и своите блиски како приоритет во индивидуален бенефит (чест на мал број.
До пред една година се восхитувавме на една млада просперитетна ромка ,која храбро и со стил била на дебата со поранешниот американски председател Барак Обама.
Таа нејзина дебата со поранешниот американскиот председател ја вивна во вселената, пред се на социјалните мрежи, споделени од нејзините ко-патриоти и дел од ромската заедница во Македонија.
Таа иста девојка била избрана да го води ова ромско движење Романо Авази која стана на чело на организацијата, отако поранешниот председател замина во Германија по други обврски (???).
Иако помина долго време од нејзиното назначување на кормилото на ова движење, пасивноста ја заменија од пред неколку месеци со идеја за отварање на младински актив на Романо Авази во неколку општини во Македонија,( читај за да можат да бидат и понатаму финансирани поради нивната пасивност воопшто) меѓу кој и во Тетово, каде за председател бил назначен Х ( името е познато на ЕУ Ромапресс), а за подпредседател била назначена братучетката на председателката на Романо Авази .
Тука нема ништо чудно, самиот избор бил легитимен и транспарентен , но се до пред две до три недели предаседателот на младинскиот актив од Тетово бил лично од страна на председателката на Романо Авази сменет од функцијата, со образложение дека е неактивен и пасивен, и на негово место била назначена братучетката на председателката.
Сите избрани председатели на младинскиот актив се на платен хонорарен список, но не и подредседателите на истиот актив.
Според информациите кои ги имаме, подредседателот на младинскиот актив, која е сега председател на младинскиот актив на Романо Авази од Тетово, била на платен список со помал хонорар од председателот.
Ако другите подпредседатели на младинскиот актив не биле на хонорарен список, како тогаш братучетката на председателката била на платен хонорарен список?
Од ова можеме само да констатираме дека председателката на Романо Авази ја злоуотребила својата функција па го разрешува легално избраниот председател на младинскиот актив од Тетово, и ја назначува својата братучетка.
Ова е само еден од многуте примери колку ли и понатаму ке им веруваме на одредени „ манекенски фаци„ во нивните ораторски вештини, есклузивни манипулаторски публицистички репрезенти и дали со вакви типови можеме да развиваме вистински просперитет или не ни бега „дрвената пегла„.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.