Spread the love

Денеска можеме да се потесетиме на досегашните политики и мерки во кој се имало чувство на непосреден интерес за ромската заедница, преку стекнувањето на државотворен народ, со моќност за ученње на свој јазик, формирање на етнички ромски партии, формирање на ромскирт невладин сектор, се очекувало еднакво учество со останатите заедници


Често можене да чујеме од сите досегашни влади на С. Македонија  кои велат дека Ромите се македонски потенцијал кој преку стимулирање растат, а  се  и преставени како заедница која ги ужива истите економски, политички, правни и социјални права со останатите државнотворени народи.

Точно така, за разлика од останатите држави од нашето соседтсво дури и од оние чии држави се членки на Европската Унија, ромската заедница е многу попривелигирана наспроти своите браќа и сестри во другите држави.
Но колку е вистина во реалноста за нивните права и слободи во реалниот живот?
И по 32 години на државност, и по влегувањето на државата во НАТО и нејзините аспирации за влез во Европската Унија, ромската заедница воопшто не е задоволна како се третирани во политичкиот правниот, социјалниот и во граѓанскиот дел.
По самото осамостување на Македонија пред 32 години, први кои ја изгубиле својата работа под обимот „технолошки вишок„ се најде генерално ромската заедница.
Со текот на времето со почетокот на приватизацијата започна и социјалната неправда, најголем дел од ромската заедница станаа зависни од државната социјална помош, сума која не може да ги задоволи месечните потреби на егзистенција на семејствата.

Во 2001 година по конфликтот, пратениците Албанци се согласија да се донесе нов Устав со нова Преамбула, во која е ставена и ромската заедница која  стекна статус на државотворен народ.
Има многу податоци со кои се алармирало од страна на  Стеј департманот,, Амнести Интернационал , Европската комисија за еднаквост, за прекршување на правата и слободите, на ромската заедница во Македонија, со кој се доведува до заклучок дека иако е загарантирано со Уставот на Република Северна Македонија, начелото на соодветна и правична застапеност кај институциите не се почитува во целост пред се кога во прашање е ова заедница.


Пописот кој бил спроведен во 2021 година се покажа како нерелевантен и не ја одразува вистинската бројка на Ромите во земјава, со што се дава важност на туѓи интереси, односно за зголемување на бројката на одредени други заедници.
Иако има досега невиден број на формирани ромски политички партии, овие партии делуват од избори до избори носејки им гласови на двете македонски партии, но без право на глас и без право на државотворни регионални и локални  одлуки, со што ромскиот политички глас не важи.
Дека Ромите во Северна Македонија се сегрегирани во образованието, дискриминирани во здравството и без решено домување покажуват следниве факти:

Образование:
– Многу ромски деца посетуваат сегрегирани часови, или тие се физички одделени од нивните не ромски врсници, според истражувањето овој феномен се чини дека е во пораст.

Сиромаштијата е уште една пречка за образованието на Ромите, многу ромски родители немаат доволно пари за да купат нови облеки, обувки и потребни училишни материјали за нивните деца. А за најсиромашните ромски домаќинства, кои немаат пристап до питка вода, дискриминацијата и говорот на омраза се доволна причина за некои родителите да одлучат да не ги испратат нивните деца во училиште со цел да ги заштитат од малтретирање.

Домување:

– Многу ромски фамилии живеат во куќи со помалку од 5 квадратни метри по лице; околу 80,000 ромски домаќинства немаат долгорочни решенија за домување“.

 

 

 

Здравство:
– Ромките често живеат во оддалечени населби без пристап до јавен транспорт; тие не се доволно информирани и се редовно дискриминирани од страна на медицинскиот персонал. Поради тоа, многу од нив не ги посетуваат своите регистрирани гинеколози за време на бременоста и во некои случаи тие се породуваат во нивните домови.

Најголемата ромска општина Шуто Оризари во својата поликлиника немат доволен број на здраствени или воопшто работници.

Голем број на ромски семејства меѓу кои и родени во С. Македонија не можат да си ги остваруват своите граѓански пртава поради немање на лични документи, а за кој државните инстутуции иако се обавезителни со години овој проблем го игнорират.

 

Полициското насилство врз Ромите кој во голем дел е непроцесуиран ,говорот на омраза без судска завршница,судските одлуки кои се засноват на националната припадност, големиот број на невработеност на голем број од ромската заедница ја отсликува тешката материјална социјално политичка состојба на заедницата.

Македонија е претендент за влез во Европската Унија, и која е условена со посебна точка за заштита на правата и слободата на ромската заедница.

С. Македонија барем досега хипокритички ја престав уваше ромската заедница пред очите на Меѓунаородната и на Евроопската јавност.

Иако македонската смерница е насочена кон мултикутурна држава таа се повеќе доаѓа до израз на бинационална држава со два конститутивни народи- македонскиот и албанскиот народ.
Другите се само политички декор.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading