Spread the love

Џонатан Ли ромски активист од Велс, кординатор за комуникации и односи и јавно преставување на ЕРРЦ (Европскиот Центар за правата на Ромите) со свој став за ромската „не постоечка нација„ во текстот објавен во Norwich Radical.
Ли во својот текст прави генерализација на ромските активисти тврдејќи дека „националниот ромски активизам“ ги хомогенизира различните ромски заедници и создава опасно оправдување кон отуѓувањето на Ромите во Европа. Ваквата општа изјава може да биде проблематична бидејќи не ја зема предвид различноста на гледиштата во ромската заедница.

Ли продолжува во текстот со критики кон ромскиот национализам тврдејќи дека тој се залага за хомогеност преку културата и јазикот, што, како што тврди тој, ја негира различноста во ромската заедница.
Тој ромскиот национализам го споредува со ционизмот без притоа да го образложи каква е таа споредба на овие две различни движења без длабоко истражување и аргументирање на своите поенти.

Иако нема никаква допирна точка на така наречениот ромски национализам , оти тој и не постои во глобалната реална политичка сцена Ли истакнува дека ваквиот национализам ке доведе до бришење на ромската култура и јазик од страна на ромските националисти.

Ли тврди дека ромскиот национализам ѝ дава на крајната десница оправдување за сегрегација и дискриминација. Ова е сериозно тврдење кое треба да биде поткрепено со релевантни примери и анализи за тоа како ромскиот национализам може да влијае на политичката клима.

Во текстот на објавата на Ли ке може да се забележи тој не ја зема доволно во предвид различноста на мислењата во самата ромска заедница. Постои широк спектар на ставови за прашањето на ромската нација, а некои активисти и интелектуалци сметаат дека таквиот концепт е важен за зајакнување на политичката и културната афирмација на Ромите.
Гледиштето на авторот не мора нужно да биде прифатено од вечинското ромско население за негативните последици од ромскиот национализам, во кој Ли тврди дека борбата за признавање на ромската нација не мора нужно да биде поврзана со сегрегација и дискриминација. Тој би можел да нагласи дека се работи за борба за еднаквост и почитување на идентитетот, а не за создавање пречки за соработка или интеграција.
Можеби ќе забележите дека текстот повремено го генерализира гледиштето на ромските националисти, игнорирајќи ги нијансите и различните перспективи во таа група. Еден активист може да ја нагласи важноста од препознавање на широк спектар на гледишта во рамките на ромската заедница, вклучително и оние кои ја поддржуваат идејата за ромска нација.

Секој ромски активистот може да ја истакне важноста на дијалог и отворен разговор во рамките на ромската заедница со цел да се избегне еднострано толкување и генерализирање на ставовите. Поставувањето прашања на заедницата и охрабрувањето на размената на идеи може да придонесе за подобро разбирање на различните перспективи.
Понатаму активистот може да изрази загриженост за наводното „сквернавење“ на ромската култура и јазик преку конструираниот јазик споменат во текстот. Тоа би можело да го поттикне почитувањето и зачувувањето на автентичните јазични и културни изрази во рамките на ромската заедница.
Ли заклучува дека ромската нација, како нетериторијална, се врти кон  ортодоксијата на национализмот.

Инаку за Ли се вели дека е надарена и паметна личност, и дека многу е застапен кога е во прашање човековите права на Ромите.
Но исто така за него велат дека неговиот став во текстот објавен во Norwich Radical е најверојатно влијанието на таканаречените „прогресивни“ левичарски кругови и работите ги гледа повеќе од нивна гледна точка отколку од ромска гледна точка.

Како и да е останува многу прашања околу овој негов став, за што ЕУ Ромапрес му испрати неколку прашања поврзани со ова тема.
Се надеваме и ние и вие дека во скоро време ке не удостои да ни одговори.
Во продолжение целиот текст од неговата објава е на следниот линк:

https://thenorwichradical.com/2024/01/31/there-is-no-roma-nation/?fbclid=IwAR2HFYYDbqO6gXUz_oOvVZJUGNubXtYPg7bopHwyg9d8DJ5KB4yrOocKBAE

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading