Spread the love

Нашата заедница се соочува со изразена состојба на разединетост и мрак кој не погодува колективно, наместо да се сврти кон светлоста таа и понатаму останува во мракот.
Скарани сме колективно, со семејството со комшиите пријателите…
Наместо да се движи кон светлост и заеднички цели, заедницата останува заглавена во темнина, од секојдневни односи до општи пристапи кон различни аспекти на животот и многу ромските партиски фактори кои и понатаму ја преставуват темнината како светлост, односно крајот на тунелот.
Еден од најочигледните ефекти на оваа разединетост е нараставањето на меѓусебната нетрпеливост и натпреварувањето кој е главниот и најдобриот.
Тоа е главен загрижувачки проблем во она меѓусебното натпреварување и разединетоста. Луѓето се мрзат еден со друг, се натпреваруват за претставата на знаењето и успешноста во било која област на животот, без разлика на професијата, образованието или умеењата. Семејства се разделени, пријателства се разрушени, а комшиите се странци во својата сопствена заедница.
Додека заедницата се бори да го пронајде патот за излез од мрачниот тунел, се појавуват нови илузионисти кој преку ноќ со магичното „хокус покус препарантус„ ке го смени сегашниот курс на дестинацијата од мрак во светло, иако свесни дека заедницата останува во темнина пред се поради нив а и поради голем дел на заедницата која ја нема таа национална патриотска свест и е многу лесна за било какви манипулации.
Наместо да се движи кон свелост и заеднички цели, заедницата останува заглавено во темнина, со секојдневни односи запечатени во меѓусебно непријателство и разединетост.

Ова не е само проблем на индивидуално ниво, туку голема пречка за колективната кохезија и хармонија.
Најсериозната последица од оваа разединетост е постепеното раслојување на заедницата, која води кон намалена социјална кохезија и загуба на меѓусебна доверба. Заедницата постојано се разделува преку политички, културни, економски и религиозни поделби, што ја загрозува основната идеја за стабилна заедница.
Заедницата е многу повеќе од само група индивиди. Таа треба да биде простор за взаимно сфаќање, поддршка и единство. Како што се губи ова чувство за заедница, така се доведува и опстанокот на заедницата.
Но никој тоа не го сваќа, размислуваме од денес за денес од утре за утре и така со децении, а опасноста е над нашите глави кои ниско размислуват давајки предност на оние кои се платени говорници да ја истуркат нивната идеологија иако заедницата не постоји вистинска идеологија туку илузија на нештата кои не се остварват со овој денешен курс.
Всуштност, без разлика колку темно е денеска, сепак има надеж. Само со активна ангажираност и воспоставување на вистинска заедница, со прави вистински не илузионистички лидери, чија цел е пред се националниот  наспроти материјалниот интерес можеме да го превземеме овој предизвик и да се изгради прогресивна иднина за заедницата.
Но во овој момент во ова сулуда камуфлирана лесно манипулирана заедница, овој предизвик барем за сега претавува невозможна мисија.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading