Spread the love

Минатата сабота во чешкиот град Брно, украински бегалец со нож повредил двајца Роми, од кои едниот со потешки повреди, кој подоцна почина во болница.
Инцендентот предходил по предходна расправија на трамвајската станица во приставилиште поради гласна музика, која потоа ескалирала во жестока расправија.
Ова предизвика голем бес на дел од ромската заедница во Чешка кои повикуват на антиукраински демонстрации и повици за депортација на украинците, како и барање на смртна казна за напаѓачот.
Група на ромски активисти повикуват на смиреност, и дека таквата реторика може да наштети на казнување на сите Украинци.
Свое мислење за овој инциндет на социјалните мрежи го споделил ромскиот активист и правник од Германија Орхан тахир кој вели:
„ Ова е добро познато сценарио од Бугарија, Унгарија и други земји. Доаѓаат момците од НВО и локалните водачи и им велат на Ромите да се смират. Властите се потпираат на нив да си ја завршат работата. Ако еден Ром убие не-Ром, властите веднаш го откриваат неговиот идентитет, неговото минато, неговото криминално досие и слично. Кога напаѓачот е не-Ром, тој е под посебна заштита. Како се вика полицаецот кој го уби Томас? Дали некој знае? Веројатно нема да разбереме дали притворениот Украинец има некаква врска со војската или со екстремната десница во Украина. Вакви детали нема да откријат. Зошто? Затоа што тоа е војна. Затоа што не сакаат да ги подгреваат антиукраинските чувства. Затоа што руската пропаганда може да го искористи овој случај. Тоа е политика. Ромите не се важни, не се дел од политичките игри. Ромскиот интерес овде не е важен, има други агенди, други приоритети, како и секогаш. Ромите се целосно заебани во оваа ситуација и од неромските власти и од нивните сопствени „лидери“, сите ја имаат истата порака – Чекајте правда, верувајте му на судот, послушајте се на власта, бидете прилично, бидете невидливи. Дали да аплаудираме и да го охрабриме ваквото однесување кое ја зајакнува потчинетата колонизирана позиција на Ромите во европските општества? Овие „ромски елити“ се токму онакви какви што сакаа владите да бидат, како да се произведени од иста компанија. Ситуацијата на Ромите во Централна Европа ќе се влоши многу побрзо отколку состојбата на Ромите на Балканот. Тие се само заложници во игрите меѓу Западот и Русија и географски се во самиот центар на геополитичката конфронтација.„

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading