Spread the love

Ново формираната ромска политичка партија, Унија за Ромите, официјално објави дека на предстојните парламентарни избори ке биде дел од Коалицијата „Европски фронт“ која е формирана во Тетово
Унијата за Ромите ќе биде петата партија по ред која ќе се придружи на Коалицијата.


Коалицијата „Европски фронт“ засега е составена од  четири политички партии: Али Ахмети од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Мендух Тачи од ДПА, Аријанит Хоџа од Европска демократска партија, Скендер Реџепи-Зејди од партијата Народно движење, и  во најава и Фатима Османовска од Унија за Ромите (УР).
Се очекува во наредните неколку дена во општината Шуто Оризари да се потпише коалициониот договор.

Засега е сигурно дека лидерот на Унијата на  Ромите, Фатима Османовска,  ќе биде 6-та на листата на коалицијата за  кандидати во Изборна Единица 2 (ИЕ2). Според најавите, нејзиното место е добитно, особено поради распределбата на директорски, министерски и други места по изборите, а и гарантираното министерско место доколку ДУИ и коалицијата победат на парламентарните избори.
За останатите договорени места во извршната власт, директорски и други јавни позиции, сè уште не се откриваат, но се ветува дека ќе има.
УР се определи за овој чекор поради големото незадоволство во ромската заедница, која сите овие години од осамостојувањето на Македонија па се до денес, гласаше за македонските политички партии, а во замена добиваше многу малку или пак ништо од ветеното пред изборите.
УР верува во добронамерноста на Коалицијата, пред сè на ДУИ и на нивниот лидер Али Ахмети, бидејќи досега  имаа успешна соработка. Надградувањето на оваа соработка од локално до регионално ниво е целта на УР.
Градоначалникот на Општината Шуто Оризари, Курто Дудуш Куцо, еден од основачите на Унијата на Ромите (УР), го гледа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како пример и идол. Тој изрази желба за соработка за да се учи од него и да се изгради рамноправност за ромската заедница како и за албанската заедница во Македонија.

Во своето појавување на Клан ТВ, Курто Дудуш изјави: „Сакаме соработка за да учиме од таков човек, кој преку неговиот пример и примерот на албанскиот народ во Македонија и нашата ромска заедница да биде рамноправна со сите останати во РС Македонија.“

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading