Spread the love

Во екот на европските парламентарни избори, председателот на Европската комисија Урсула Фон де Лајер дава сигнал за потенцијална соработка со Европските конзерватисти и реформисти (ЕЦР).
Дебатата на Политико во Мастрихт раскрива интересни детали за политичките договори и стратегии во Европската унија (ЕУ), специфично во врска со изборите за Европскиот парламент. Европската комисија, како важен политички орган во ЕУ, се соочува со предизвици за обезбедување на поддршка и формирање на коалиции во парламентот.
Ваквата потенцијална соработка може да доприноси отварање на круцијални прашања во креирањето на идните политики во ЕУ вклучувајки ги темите за миграција, климатските промени и одбраната.
Дополнително, интерес за приклучување кон ЕЦР најави и партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која беше исклучена од Европската народна партија (ЕПП) на Фон дер Лајен, поради непочитување на вредностите на Унијата.
ЕЦР која ја сочинуваат национал-конзервативни, десничарски, националистички, десно популистички и евроскептични партии најавуват мнозински мандати на престојните Европски парламентарни избори, користејки ја пред се анти мигранстаката политика на ЕУ и амбициозната климатска агенда.
Соработката со тврдодесните партии е ризична стратегија, бидејќи може да ги поделат сојузниците на социјалистите и да предизвика нестабилност во политичките коалиции.
Ваквата динамика во политичките коалиции и стратегиите покажува колку комплексни можат да бидат односите во Европа, вклучувајки ги екстремно десничарските партии во политичката сцена на ЕУ чије мнозинство и присуство можат да влијаат врз креирањето на политики во Европа.
И социјалдемократите и либералите се надеваат дека ЕПП ќе се реши за задржување на сегашното „традиционалното проевропско мнозинство“ во Европскиот парламент, во услови кога од редовите на десницата доаѓаат идеи за формирање нови мнозинство на партиите „десно од центарот“.
Во противењето на соработката со десницата особено жестоки беа социјалдемократите кои порачаа дека „нема да седнат на преговарачка маса“ со ЕЦР и ИД.
Нивната порака е јасна дека нема да соработуват ниту пак да коалицират со екстреманата десница.
Тие побараа од сите партии на актуелното мнозинство во свои „партиски декларации“ да искажат иста таква „формална и недвосмислена“ посветеност за несоработка со ЕЦР и ИД, но исто така испратија порака до Урсула фон де Лајер дека доколку планира соработка со ЕРЦ тие нама да ја подржат за нејзиниот реизбор за председател на Европската Комисија.
Фон дер Лајен себеси се прикажува како обединувачки кандидат со искуство да продолжи да ја води Комисијата во проблематични времиња, предупредувајќи дека Европа се соочува со опасности во форма на напади од подржувачите на Владимир Путин кои се обидуваат да ја поткопаат демократијата во ЕУ.
Фон дер Лајен јасно стави до знаење дека нема да работи со екстремно десничарската група Идентитет и демократија (ИД), предвоена од францускиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен.
На овој нејзин став социјалистите гледат како политичка игра.
Според системот на ЕУ, новата Европска комисија номинирана од лидерите на ЕУ по изборите ќе бара поддршка од мнозинството од 720-те европратеници избрани во Парламентот за да ја преземе функцијата. Последен пат, во 2019 година, фон дер Лајен го надмина прагот само за девет гласа.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading