Spread the love

Во организација на Фондацијата Ромите за демократија, под покровителство на Новата европска фондација за Ромите (поранешен РИО – Канцеларија за ромски иницијативи), вчера во Филхармонијата на Северна Македонија се одржа свечен настан, со кој се означи почетокот на нивните активности.
Нај веројатно првите нивни активности ке бидат дел од претстојните претседателски и парламентарни избори, најавени за април и мај годинава.
Под името „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“, настанот обедини истакнати имиња од политичкиот и невладиниот ромски сектор, кои отворено разговараа за долгогодишните предизвици и напорите за нивно надминување.
Централниот дел на програмата беше концертот наречен „Ромите сила на природата“
( Roma Force of Nature) премиерно изведена во Македонија, на кој се претставени традиционалните модифицирани музички елементи и приказната преку музички опус на патувањето на Ромите од Индија до Европа.
Фондацијата Роми за демократија , ги обедини националните ромски движења кои беа дел од поранешниот РИО, Аваја (Македонија), Опре Рома Косово (Косово)), Опре Рома Србија (Србија ), Постојана конференција на Ромите (Бугарија), Аресел (Романија), Кетане (Италија) итн.
Ромите за демократија ветува дека ќе се фокусира на имплементација на веќе изградени иницијативи кои ќе ги решат политичките приоритети и предизвици на ромската заедница. Нивната програма ги опфаќа областите на културата, образованието, политиката и економијата, со цел да се подобри животот на ромската заедница.
И покрај предизвиците, оваа иницијатива ја одразува решителноста и надежта за позитивни промени.
Ромската фондација за демократија се стреми да стане клучен двигател на општествените промени во Северна Македонија.
Ромската заедница навистина заслужува прогрес и просперитет во сите полиња, но тоа може да се случи доколку навистина тоа што е кажано се обистини и реализара во пракса.
Навистина научивме многу од историјата за ромските понови движења кои се стремат да направат ренесанса во ромската политичкко-социјална економска промена, но тоа малку или ништо не се оствари пред се поради социјална политичка и над се слабата национална свест.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading