Корените на еврејската историја заземаат 4.000 години во минатото.Оваа бујна историја, честопати e прекината од страдање, егзил и раселување.
Судбина – Евреите и Ромите долго време се eмигрирале од земја во земја и доживеаја слична судбина за време на Втората светска војна.Историјата на Ромите, е и денес слична на онаа со Евреите само што нивните страдања делимично завршија во однос на страдањата, дискриминацијата и антироманизмот над Ромите и во 21 век.
За да ја разбереме историската заднина на „можното „ потекло на Ромите и неговите корени со прататкото на Јудејската нација Авраам , како и со проклетсвото над Ромите, мораме да се вратиме длабоко во минатото, во времето кога Бог (YHWH- יְהֹוָה). го благословил Аврам и неговиот син Исак од кој потекнуват Израелитите. Кога веќе го истакнувам проклеството над Ромите , треба да го споделам истражувањето на израелскиот истражувач Самуел Абукаја, кој вели дека ние Ромите сме потомци на племето Симеон, а во подалечно минато пред формирањето на 12 – те племиња на Израел и во блиска коперативност со еден од синовите на Исак, Езав. Постојат различни толкувања околу потеклото, па и племето за кој можеби Ромите припаѓат.
Но во ова пригода ке се концетрирам за приказната која можеби има или нема потврда на нашето потекло ,а кое е можеби поврзано со проклетсвото на Исав кој го наоѓаме во Стариот Завет во книгата која има неколку имиња, Битие, Постанок, или Прва Мојсиева.
Борбата на двајцата близнаци браќа Исав и Јаков за благословот и наследтсвото на својот татко Исак , измамата на помладиот брат близнак како и проклеството кој подоцна го добива прво родениот измамен Исав, е можеби историски поврзано со минатата и сегашната состојба на Ромите
Книга Битие 24:38.(Прва Мојсиева )
Книга Битие 24:39 „Тогаш Исак, таткото негов, одговарајќи му рече: „Ете, домот твој ќе биде од плодна земја и од роса небеска одозгора“.
По овој настан Jаков морал да го напушти племето , и да замине кај својот вујко во Месопотамија кај Исмаилите , подалеку од Исав, кој ради измамата барал да го убие својот брат Јаков. Во еден нивен раговор во кинигата Битие 33:15 наидов на на ова пишана форма טווַיֹּ֣אמֶר עֵשָׂ֔ו אַצִּֽיגָה־נָּ֣א עִמְּךָ֔ מִן־הָעָ֖ם אֲשֶׁ֣ר превод на француски „Tviamr Esaü atsigh-na vous mn-hem Asher“ , ова поставка е преведена на Јидиш-Таиш, писмо кој го практикуват Ашкеназиските Евреи.
Писмото потекнува од 9-тиот век од Централна Европа, обезбедувајќи ја заедницата на Ашкеназите со високо германски народен јазик, споен со елементи од хебрејски и арамејски, како и од словенски јазици и траги од романски јазици идиш е напишан со целосно вокализирана верзија на хебрејската азбука, и се смета за очистен старо хебреско писмо. Аtsigh-na не фигурира на други преводи сем на англиски и француски, така да значењето на овој збор не е можно засега дословно да се преведе. Сигурно дека нема никаква врска со со старо грчкиот athiganoss со кој Ромите уште од времето на Визанстиското Царство се именувани со оваа пержеворативно име.Ова едиствено име кое го среќаваме на Јидиш превод не мора да значи нешто што е поврзано со тогашните Роми.
Проклеството на Израелитите продолжува и во годините кои наидуват.Неколку векови подоцна.по смртта на цар Соломон, царството на Давид беше поделено: десетте северни племиња :Ашер,Дан,Ефраим,Гад,Исакар,Манаше,Нафталин,Рубен,Симеон и Шимун, тие станаа северно царство Израел со главен град Самарија , а двете јужни племиња Јуда и Бенџамин го формираа Јужното цартсво или Јудино царство со главен град Ерусалим.
Овие две кралства биле географски лоцирани меѓу двете светски суперсили на античките времиња: Египет на југ и Асирија на исток. Израел и Јуда честопати биле искушувани да стапат во сојуз со Египет пред тоа со Асирија. Сепак, создавањето на сојуз со Египет или со Асирија за двете кралства, и за Израел и за Јуда, ќе значи религиозна и национална трагедија и речиси целосно уништување. Влегувањето во сојуз со паганите истовремено значи кршење на Божјиот завет.
Израелскиот крал, Озија, влезе во дипломатскиот и воениот сојуз со Египет со надеж дека ќе се ослободи од јаремот на Асирија.
Одговорот на Асирија беше брз. Озија бил однесен во заробеништво а главниот град Самарија по три години опсада, паднал во 722 п.н.е. во рацете на асирскиот крал Саргон II.
Асирскиот Крал го депортирал населението на северното кралство во источните делови на Асирија, на опустошена територија , а во Израел насели други народи.
Десетте племиња постепено се асимилирале со други нации и така исчезнале од историската сцена, па дури и го изгубиле мајчиниот јазик.
Јужните племиња Јуда и Бенјамин кои го сочинуваа Јужното Кралство Јуда ја уживале сувереноста до наредните сто години. Потоа, исто така, ја доживуват судбината слична на онаа на Израел.
Познатата битка кај Каркемис во 605 година, Вавилонска војска под водство на Навуходоносор, издвојува војна победа над Египќаните. Во истата воена кампања, Навуходоносор го напаѓа кралството Јуда кој предходно бил во сојуз со Египет, и го води
ралот на Јуда Јоаким заедно со елитата на Јудејското Кралство во заробеништво во Вавилон. Меѓу заробениците биле и познатите библиски имиња Данило, Ананија, Мисаил и Азарија.
Освојувањето на градот Ерусалим се одвивало во три наврати, за време на кралот Јоаким,синот на Јоаким и третиот пат за време на Кралот Седекија , кога градот претрпел страшна опсада од една и пол година, за да во 607 п.н.е. градот Ерусалим бил разрушен а Божјиот храм уништен и голем број на жителите на јудејското кралство кои ја преживеале вавилионската инвазија бил одведен во заробеништво во северниот дел на Самарија и градот Нинива во Асирија, денешен Ирак.
Зошто Еврејскиот Бог (YHWH- יְהֹוָה) , дозволи уништување на неговиот храм, нема да биде тема во ова истражување.Библијата го дава одговорот и пророштвото на казната над Јудејскиот народ од страна на нивниот (YHWH- יְהֹוָה) кој според пророштвото требало да изнесува 70 години заробеништво на Јуда во Вавилон.Бог (YHWH- יְהֹוָה) на Древниот Израел му даде условен благослов но и условно проклество во случај на послушност или непослушност.
Точно седумдесет години по неговото распаѓање , на светската сцена се појавува нова светска сила: Медо Персија со кралот Кир кој го освои Вавилон 539 п.н.е. Набргу потоа, тој го ослободи племето Јуда и Венијамин, како и повик до други расипани племиња во вавилонското царство, дозволувајќи им да го земат украдениот блажен од својот храм Божји и да го вратат во градот Ерусалим и обнови го Но, не се враќат сите, дел од нив остануват во Вавилон, дел од нив се враќат, но продолжуват
према Египет и таму се населуват , и дел продолжуват кон далечниот Исток дури и во Индија и пошироко.
Уште од времето на Јаков , Хебреите (денешните Евреи ) воделе списи на родословиеето по племињата, секој знаел кој на кое племе припаѓало. Со нивното присилно преселување и нивната асимилација со различни групи на народи во Вавилонското царство, тие ги имат изгубено своите корени .
Судбината на десетте племиња на царството Израел е мистерија. Сепак, траги од изгубени племиња се откриват во Северна Африка, Бурма, Кина , Индија, Пакистан, Авганистан но и на други места.Мал дел од овие изгубени траги ја имат денес јудејската традиција и религија,тие се претопени со домицилното население иако за себе велат дека се можеби дел на Аврамовото потомство.
Денес голем број на Ромите од целиот свет се радуват на своите израелски корења.
Зближувањето, или дури и прибегнувањето кон експлицитната споредба помеѓу Евреите и Ромите, денес е лесно препознатлива практика во политичкиот, асоцијативниот и медиумскиот дискурс.Најочигледна и добро позната основа за зближување помеѓу Евреите и и Ромите е, се разбира, поврзана со искуството на геноцид. Двете се жртви на нацистичкиот проект за истребување, двата народа имаат заедничко, и истовремено искуство.
Засега постои голема препрека околу ромската аналогија и улогата што ја покрена овој засега недоволно испитан компаратизам, но со доступни традиционални сличности помеѓу овие два народа.
Крај на 4 дел
продолжува
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.