Шведска е една од ретките европски земји која активно работи на промовирање на културната и јазична разновидност преку националната телевизија SVT. Пред неполна година, на програмите резервирани за малцинствата, беа емитувани неколку емисии на ромски јазик, наменети како за деца, така и за возрасни. Овие емисии ги истакнуваат богатството на детската фантазија преку различни креативни проекти, но истовремено се посветени и на промоција на модата и стајлингот кај младите ромки во Шведска.
Значаен придонес за ваквата иницијатива има ромската активистка Есма Веселиновска Гудинци. Таа е позната по својата истрајна борба за правата на жените Ромки во Шведска, а нејзините активности имаат големо влијание врз препознавањето и поддршката на ромската култура во оваа скандинавска земја.
Како продолжение на ваквата инклузивна пракса, националната телевизија SVT планира на 1 декември да ја репродуцира популарната серија „Роби и Ема во потрага по златото“. Оваа серија, која претходно беше емитувана, сега ќе биде синхронизирана на ромски јазик. Целта е да се поттикнат најмладите од ромската заедница да го зачуваат и негуваат својот мајчин јазик.
Преку вакви проекти, Шведска уште еднаш ја покажува својата заложба за интеграција и културна инклузија, притоа овозможувајќи на ромската заедница да биде видлива и почитувана дел од општеството.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.