Spread the love

Во Бугарија денес има граѓани кои поради нивното етничко потекло живеат изолирано и се на маргините на општеството.
Бугарија е само една од Источно европските земји кои се членки на Унијата, каде ромската заедница секојдневно се соочува со антироманизмот, селективна етничка институционална дискриминација, расна нетрпеливост и присилни протерувања од ромските махали од страна на улични и националистички банди.
Проблемот е општ, ова заедница од бугарското општество е исклучена, етикетирани како необразовани, затоа што се Роми и бидејки политиката на образована интеграција заборава дека целта на процесот е децата уште од најрана возраст треба да ги научат да играт, да учат заедно, и заедно да ги научат правилата на живеење со меѓусебните разлики на општото правило за живот во Бугарија.


Неприфатливо е во 21 век членка на Унијата, да не го забележи постоењето на ромските махали како дел од структурата на населбата и нивните жители како граѓани на Бугарија, а да не ја забележи маргинализацијата, расната и институционалната дискриминација, подемот на сиромаштијата и покрај донациите од европските ромски фондови и декадите на Ромите.

 

Каква е ромската политичка позиција во Бугарија?

По долго месечни политички превирања Бугарскиот парламент во јуни 2023 година ја изгласа новата коалициска влада формирана од двете најголеми партии во земјата, во обид да се стави крај на 30- месечната политичка криза.
Коалицијата ГЕРБ-УДФ и блокот Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) се согласија за влада со премиер и вицепремиер на ротација, на секој девет месеци.
Надежта дека ке има некаков позитивен исход кон ромската заедница е останува под знак прашалник, поради поранешните лоши политики и одлуки на партијата ГЕРБ-УДФ, на поранешниот премиер Бојко Борисов чија партија е десно ориентирана и која ја сочинува владината коалиција со левите политички ориентирани партии, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија.
Итересен е фактот што за време на изборите двете леви сегашни коалициони партии остро се спротиставуваа на било каков политички договор со ГЕРБ-УДФ, ниту пак во најмала рака да склучат сојуз за нивно коалицирање, што потоа се покажа како политичка измама према електоратот кој гласаше за двете лево ориентирани партии.

Ромите во Бугарија во поголемите ромски махали гласаа за ГЕРБ-УДФ, не свесни за тоа какви луѓе ќе изберат да владеат со нив и да носат одлуки за нивната иднина.
Партијата на Борисов освои најмногу пратенички места.
И едните и другите се за владењето на европските принципи, создавање поволна економска и административна средина за слободен развој на малите и средни бизниси, привлекување стратешки високотехнолошки инвестиции, крај на корупцијата и злоупотребата на државните срества, како и владеење на правото, пристап до квалитетно образование и здравствена заштита за сите бугарски граѓани, модерна инфраструктура и социјална политика, постигнување пристојни приходи за лицата на возраст за пензионирање.
За разлика од Ромите кои живеат во Северна Македонија каде се Уставно признати како конститутивен народ, во Бугарија не се признати , и не сакат да имат државни мерки по етничка припадност.
Од друга страна пак Бугарија ја притиска Северна Македонија да ги призна и стави во Уставот на С. Македонија бугарските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, без таа самата да ги признае етничките малцинства меѓу кои и ромската заедница која брои нешто повеќе од 10% од вкупното население во Бугарија.


Иако во Бугарија има неколку ромски политички партии и организации, ниедно од овие политички формации не ги водат одредени политички и филозофски принципи или вредности, тие се безидеолошки, организациски и функционална кохезија.
Без разлика на мноштвото одолговлекувања на социјални и економските проблеми на ромската заедница, досега главните политички партии вклучуваат во политичките нивни платформи само одредени ромски прашања. Никој од постоечките Ромски партиите не успеваат да постигнат значителни резултати во насока на решавање на проблемите со кои се соочуват Ромите.
Некои од главните партии во своите листи вклучуваат кандидати од ромско потекло со цел да се обезбедат гласовите на ромскиот електорат. Но тие се ограничени поради загрозување на нивните политичките позиции на оние кои се пријавиле за нивната подготвеност да го бранат.
Немањето на политичка дирекна активност на Ромите во Бугарија придонесува соочување со многу општествени, политички и економски предизвици кои ги спречуват целосно да се интегрират во бугарското општество..
Ромите не учествуват доволно во политиката на земјата и на квантитативно и на квалитетно ниво.

Политичка активност на локално ниво

Политичката активност на Ромите во Бугарија е подинамична на локално отколку на национално ниво.
Но и на локално ниво политиката на Ромите е недоволно развиена и ги следи личните интереси на неколкуте неформални ромски лидери.
На 29 октомври ова година се закажани локални избори во кој Ромите имаат се поголемо влијание во локалната политика, но сепак релативвно ограничени со мал број на избрани поради стеротипот дека ромските кандидати се невешти, неискусни и не се добро подготвени за управување.


Тешко е да се предвиди како ке се развива состојбата за време на локалните избори, поради големите сомнежи за манипулација на ромскиот електорат, поради немањето на национална и политичка свест, поткупот на гласови „за ситни пари„и слабиот одзив на излезеност на ромската заедница.
Поради можните манипулации со ромските гласови на овие локални избори, Постојаната ромска конференција започнува со активности на терен за да вклучи што е можно повеќе гласачи во изборниот процес.

Можно ли е системски да се решат проблемите на Ромите во Бугарија?

Посетата на г-ин Јованович директор на Канцеларијата за ромски иницијативи од Сорос Фондацијата и иден раководител на Европската фондација за Ромите, при неодамнешната своја посета во Бугарија и средбата со премиерот Николај Денков, дава можна надеж на ромската заедница, (Николај Денков е председател на лево ориентирана политичка партија од Бугарија и е близок соработник со Фондацијата Сорос) .
Како раководител на идната Европска Фондација на Ромите, преку новата форммација Роми за демократија тие имат цел преку својот ромски кадар во Европа вклучувајки ја и Бугарија преку политички системски решенија на државните институции да се решат проблемите со кои се соочува ромската заедница во Бугарија.
Јованович изјави дека имало многу добра средба во Бугарија со премиерот Николај Денков, каде се разговараше за можностите за соработка во образованието, вработувањето и претприемништвото преку новата ромска фондација за Европа.


Јованович истакна дека ова е многу важно за Бугарија бидејќи Ромите се најмладата етничка група во Европа, која може да придонесе за зголемена работна сила и економски просперитет.
Јованович се надева дека Бугарија ке ги промени стереотипните сваќања кон ромската заедница и дека се очекува владата на Бугарија да изнајде решение системски да ги реши социјалните економски и политички проблеми на ова заедница.

“Сакам да верувам дека следните 3-6 месеци ќе покажат што навистина сакаат прогресивните политички сили кои сега се на премиерската позиција. Едната е декларативно да покажат сигнал за добра волја од нивна страна пред изборите и во разговорот со мене, а другата е конкретна акција за подобрување на животот на нашиот народ. Се разбира, политичката ситуација во Бугарија е доста сложена, но во најсиромашната земја на Европската унија, нашата заедница е најмлада и најсиромашна. Сепак, не треба да заборавиме дека Ромите сочинуваат околу 10% од Бугарија, што значи дека доколку се направат решенија за подобрување на положбата на нашата заедница, тие решенија ќе бидат корисни и за сите други граѓани.“ информира Јованович за ЕУ ромапрес.

Ветувањето е едно а реализацијата е друго,останува да видиме како ке се одвиват работите во блиска иднина.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading