Интервју со дипломираниот новинар Џемилиана Абдулова-Џема на тема промоција на книгата „A Small Roma Memory Book“ (Мала книга за сеќавање на Ромите),јазикот, традицијата и културата на Ромите во Р.С.Македонија.
ЕРП. Имате дипломирано новинарство на Правен факултет „ Јустинијан Први„ во Скопје,
што значи сте зачекориле по стапките на вашата мајка Севдија Абдулова, која е
долгогодишен новинар во МРТВ во редакцијата за ромски јазик „Бијандипе„.
Од друга страна имате нескрииена љубов во театарот каде имате учествувано на
неколку аматерски театарски фестивали меѓу кои и како главен актер, а во 2016
сте председател на здружението на граѓани Ромски културен и медиа центар
„Barikhanipe ».
Многу активности за една млада жена, како сето ова го постигнувате?
Џемилијана Абдулова-Џема:
Растејќи со мајка како Севдија, патот лично за мене беше многу потежок но во иста страна знаев дека имав голема поддршка и заедничка соработка со неа. Таа е мојот идол, мојот сопатник, мојата мотивација сето ова да го постигнам со многу голем успех.
Со активизамот започнав на 14 години и од тогаш па до сега ја негувам ромаската култура,јазик,историја и идентитет. Мене сите тие бранши ми се како една гранка која заслужува да биде негувана и сочувана. Не е ништо тешко ако се сака.
Се може да се постигне со многу љубов и голем труд.
ЕРП. На 3 јули имавте промоција на иноватна книга со наслов „A Small Roma Memory Book“
((Мала книга за сеќавање на Ромите), со ваша лична збирка,изјави, слики и одбрана
културна активност на ромската традиција.
Иако ромската култура не само на ова поднебје туку и на секаде низ светот каде тие денес живеат е голема и разновидна, многу од овие традиции и културни активности не се во пишана форма, таа се пренесувала орално.
Како успеавте оралното и сеќавањата да го претопите во книгата?
Дали „A Small Roma Memory Book“ ја има опфатено традицијата, културата и музиката само на одредено поднебје во овој случај Македонија или пошироко?
Џемилијана Абдулова-Џема:
Во книгата се наоѓаат податоци за културата и културните дејци од просториите на Р.С.Македонија.
Тоа го одбрав бидејќи да не беа тие како основоположници на ромската култура во Македонија , јас денес немаше да стигнам до тука. Ми беа голема инспирација да пишувам и соработувам со нив.
Имав интересни разговори со Сами Осман од театар Пхралипе, исто така со Амет од тетар Рома, со Џамбо Агушев, со Симеон и со сите останати кои беа дел од книгата.
ЕРП. На што повеќе ставате акцент во книгата, традицијата, културата, музиката…кажете ни нешто повеќе за книгата?
Џемилијана Абдулова-Џема:
Во книгата ке најдете се од култура до авторски текстови за ромскиот јазик. Сакав накратко да го доловам ромскиот идентитет и Романипе на секој што ке ја прочита книгата и ке сака да знае повеќе за тоа. Сакав да покажам нешто поразлично, нешто ново. Имам авторски текстови од м-р Севдија Демирова Абдулова, од Љатиф Демир и м-р Мирдита Салиу. Исто така имам кратки интервјуа од Муамед Маликовски, Симеон Атнасоц со Есма Бенд, Хајдар Зекир, Фејме Мустафова, Амет Јашар и други.
Сакав да доловам моменти раскажани преку нив и нивен видик на нивнат работа и дејство за проширување на нашата култура.
ЕРП. Во едно ваше интервју за еден веб портал имавте една убава фраза „Романипе се
живее секој ден, и во секој нас, длабоко во нашата душа го носиме истото“.
Можете ли да ја објасните ова фраза?
Џемилијана Абдулова-Џема:
Како млада ромска девојка vсакам да сум рол модел на останатите девојки кои можеби ке сакаат да го проодлжат мојот пат за негување на ромскиот идентитет. Романипе е всушност ромскиот идендитет. Сите ние го имме тоа во себе длабоко. Ние можеме да искочиме од Романипе ама Романипе од нас не. Тоа е што не прави ние Ромите да сме уникатни и тоа што сме денес. Горди Роми, горди на нашата традиција култура јазик и идентитет.
ЕРП. Книгата „A Small Roma Memory Book“ е напишана на два јазика на ромски и
англиски.
Сметате ли дека ромскиот јазик има сила да опстои, во ова денешна форма, или му се заканува изумирање, како што впрочем УНЕСКО прогнозирал, дека до 2050 година меѓу 3000
иљади јазици е и ромскиот на кој му се заканува изумирање, иако тој со векови опстојувал но
со драстични промени со употреба на јазиците од поднебјето каде живее ромската
заедница, како и немањето на училишта и не постоечката стандардизација на ромскиот јазик и писмо.
Џемилијана Абдулова-Џема:
Моето мислиње е следно: Мора да се негува мајчинот јазик тој е дел од нас. И да не говориме сите литературно треба да си ги учиме нашите деца. Се согласувам дека нема многу оставени печати за да се научи. Затоа и ние како Бариканипе имаме издадено околу 20 книги на ромски и македонски јазик. Имаме научни студии, културно богатство, имаме збирки поезии. И првиот детски роман на росмки јазик,, Волшебната шнола,, на Севдија Д. Абдулова и оваа година искача од печат вториот дел од овој роман ,, Авантурите на Мелиса,,. Секој што ке сака да прочита книга на својот мајчин јазик може слободно да не контактира и да добие примерок од книгите наши.
ЕРП. Сметате ли исто како и со ромскиот јазик така и со ромските традиции, дека
поради материјалните , социјални, политички-асимилациони и религиозни причини,
познатите традиии на нашите татковци , дедовци… во брзо време ке останат
само едно сеќавање, со оглед дека остана многу мал дел од ромската заедница која
ги следи овие типично ромски традиции како што е Ерделез, Василица…?
Џемилијана Абдулова-Џема:
Затоа и сме ние младите тука преку оставен пишан збор да го негуваме тоа што ние традиција, треба да сме во чекор со модерното време, но да не заборавиме исто така за нашите корени и на самите себе.
ЕРП. Повеќе културни друштва во Р.С.Македонија едвај опстојуват, често пати немат финансиски срества за реализација на своите културни проекти, Министерството за култура не издвојува посебни срества за овие ромску културни друштва, иако издвојува тоа се многу малку само да се каже дека ете не се заборават односно нема дискриминација на издвојување срества за културни активности за Ромите.
Постои ли разлика во доделување на финансиски срества за културни активности на Ромите во споредба со другите етнички заедници во Р.С.М?
Џемилијана Абдулова-Џема:
За жал, не сум адеквтна личност да го искоментирам тоа.
Ние како Бариканипе знаеме и со мали средства или без да направиме проекти.
Да потребни се средства за реалиација на проекти. Но нашата љубов за книгите не мотивира да се бориме за да оставиме книги за наредните генерации.
ЕРП. И на крајот кои се вашите идни проекти?
Џемилијана Абдулова-Џема
Во блиска иднина ке го работам истото проодлжуваме со проекти со Бариканипе. А во приватниот живот како хоби ги имам изработка на обетки и цртање на чаши. Исто така и трансформации во ликови и животно . Уметничката страна на Џема и културниот дух да го наречеме се поклопуваат и во иднина к се надевам на повеќе проекти на овие области.
Фотографиите се од личната архива на Џемилијана
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.