Spread the love

Два спротивни организациски граѓански и политички табори покажаа дека се далеку од националниот ромски политички социјален и економски интерес на заедницата.
Иако и двете со години „ шупат на шупелка“ за национално единство, тогаш кога треба да ја покажат својата граѓанска и политичка национална зрелост ја покажаа својата слабост.
Едните се за позиции, другите се за финансии и проекти.
И едните и другите се само прогласуват како авторитети, ромски преставници, а најголемото зло се баш оние другите кој преку своите граѓански задруженија, движења наместо да ја спојат ја разделија заедницата, одејки по стапките на иделогијата на „зомби„ и„ доенчињата„ политички ромски лидери.
Ромските невладини организации кои себеси се нарекуваат претставници на заедницата, во реалност служат на интереси што не се во корист на самата заедница, тие свесно стануваат дел од механизмот за владеење и контрола врз ромската заедница преку моќта на парите кои го имат на нивното банковно конто. Овие организации, често платени и финансирани од страна на големи корпорации ги искривуваат потребите и гласот на ромската заедница во името на прогрес, интеграција, борба против сиромаштијата, нееднаквоста, дискриминацијата…
Овие само-прогласени лидери, кои често немаат легитимен авторитет и поддршка од заедницата, се истакнуваат благодарение на своите врски со моќни интереси, ја компромитираат ромската заедница и ја одвојуваат од нејзините истински потреби и борби. Истовремено, тие ги удовлетворуваат амбициите и интересите на своите финансиери, а не на ромската заедница што трпи долгорочни последици од нивните одлуки и активности.

Никој од нив не сакат да сватат дека да се биде лидер на која било заедница, вклучувајќи ја и ромската, треба да бидат избрани или назначени преку транспарентен процес кој вклучува широка консултација со заедницата. Само-прогласените лидери можеби го немаат истиот легитимитет како оние кои се избрани со демократски процес ( засега нема такви).
Тие својот авторитет го имат над оние малкумина кои се платени да молчат и да работат контра интересите на заедницата.
Вистинскиот авторитет на лидерот доаѓа од поддршката и довербата што ја имаат од заедницата. Ако лидерите се гледани како претставници на интересите на неколкумина, наместо на целата заедница, нивната позиција е значително ослабена или никаква.

За ромската заедница, важно е да има лидери кои се одговорни, транспарентни и чии активности ги одразуваат реалните потреби и интереси на нејзините членови. Потребно е да се премине од моделот на само-прогласени лидери кои ја злоупотребуваат ситуацијата за лична добивка и вместо тоа да се поддржуваат механизми за демократски избори и учество на заедницата во процесите на одлучување. Само така ромската заедница ќе може да се заштити од манипулацијата и ќе може да ја изгради својата сопствена судбина во соодветен демократски оквир.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading