Spread the love

Северџан Бајрам, познат како д-р Кољо, зазема посебно место во светот на филмот во поранешна Југославија и пошироко кога станува збор за ромски и не ромски теми. Неговата страст за глума и посветеноста на уметноста го доведоа до статус на еден од најпознатите ромски актери аматери во регионот. Познат по исклучителните улоги во филмовите како „Gipsy Magik“, „Black Cat, White Cat“ и „How to Kill a Saint“,.
Овојпат на сцена стапи со посебен предизвик – филмот „Недеља„ посветена на легендарниот пејач со ромско потекло, ЏеЈ Рамадановски.

 Како влеговте во светот на актерството и што ве инспирираше да станете дел од филмската уметност, особено во филмови со различна тема?

  • Отсекогаш глумата односно филмот ми беше опсесија. Во светот на глумата зачекорив од љубов кон уметноста на изразување. Отсекогаш ме фасцинирала способноста на актерите да пренесуваат емоции и приказни. Мојата инспирација дојде од самиот живот, од различноста на човечките искуства. Сите филмови во кои играв споредни или главни улоги беа со ромска тематија и теми кои се можеби помалку застапени, со цел да се придонесе за различноста на филмската индустрија.

Имавте значајни улоги во филмови како „Џипси Магик“ „Црна мачка, бела мачка“, Како убив светец „ , „Трето полувреме„ и „ Млечен пат„ Како овие проекти ја обликуваа вашата кариера и влијаеја на вашата перцепција за ромската култура во филмскиот свет?

 

Проектите како „Џипси Меџик“, „Црна мачка, бела мачка“ и други беа клучни за мојата кариера. Преку овие филмови имав можност да го истражам богатството на ромската култура и да помогнам да се разбие стереотипното претставување. како актер и придонесе за пошироко разбирање на ромската култура во филмскиот свет.
Ромите морам искрено да кажам дека се најдобри актери без разлика дали имат завршено образование за глума или не , тие се природно надарени за филм и глума.
Има многу наши Роми кои прпат се јавуват на кино платното и станаа звезди во киноматографијата.

Филмот „Недела посветена на легендарниот пејач Џеј Рамадановски носи уникатна приказна. Како ја доживеавте улогата во овој филм и како се подготвивте за предизвикувачките сцени?

Улогата во филмот посветен на легендарниот пејач Џеј Рамадановски беше исклучително емотивна и бараше внимателна подготовка. Учествував во интензивно истражување за неговиот живот во овој случај како татко на Рамадонановски и музичко наследство на семејството кое потоа се префрлува на нашиот легендарен сега покоен Џеј Рамадановски.
Соработувајќи со режисерот и со екипата со цел што поверно да се прикаже атмосферата и емоции кои филмот сакаше да ги пренесе. Секој филм за мене е од исклучително значење и ново искуство, поготово кога работиш со извонредна екипа која ја имавме на сетот заедно со режисерот Немања Ќераниќ.

Џеј Рамадановски остава неизбришлива трага во музичкиот свет. Како доживеавте играње во филм посветен на неговиот живот и уметничко наследство?

Тоа беше исклучително посебен проект за мене. Џеј Рамадановски остави неизбришлива трага во музичкиот свет, а можноста да пренесе дел од неговата животна приказна преку ликот на неговиот татко за мене беше голема почит и одговорност. Се надевам дека филмот ќе придонесе за зачувување на неговата сеќавањето и неговото музичко наследство.

Вашите улоги често истражуваат различни аспекти на ромскиот секојднмевен живот. Како ја гледате вашата улога во пренесувањето автентични приказни за ромската заедница преку уметноста, особено во контекст на вашите филмски проекти?

Мислам дека уметноста, особено филмот, има моќ да пренесе автентични приказни. Преку моите улоги се трудам да дадам реални и богати прикази на улогата која ја имам.
Знам постојат стереотипи но тое е дел од секојдневниот живот на ромската заедница а со самото тоа дава до значење за политички промени.. Се надевам дека мојот придонес ќе помогне да се создаде пошироко разбирање за богатството на Ромската заедница.
Ова година имам четири улоги во четири филмови од кој можам да одвојам еден за кој се спремам за снимање, а тое е филмот на Jани Бојанчик „ Грабнување на Европа„, кој ке наиде на многу позитувни рекции кај ромската популација. Нема да откривам повеќе детали за филмот ниту детали за преостанатите три филма кои треба да започнат со снимање ова година.

Филмот „Недеља“ го следи животот на еден од најпопуларните пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал. Иако не му било лесно детството кое најмногу го поминувал на улица или во поправните домови, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни станал дел од животот на многу луѓе

Откако на крајот на 2021 година беше најавено дека ќе се снима филм за легендата на народната музика, српските медиуми објавија дека главната улога ќе ја има Хусеин Алијевиќ од поранешната група „Бит стрит“.

Актерската екипа ја сочинуваат Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Маша Ѓорѓевиќ, Милица Јаневски, Стојша Ољачиќ, Бајрам Северџан, Нела Михај и други. Сценариото го напиша Стефан Бошковиќ, продуцент е Владан Анѓелковиќ, а режисер Немања Ќераниќ.

Џеј почина во 2020 година на 56-годишна возраст од срцев удар.

Фотографиите се  превземени од Цинеплех

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading