Spread the love

Најголемата дилема со која Ромите се соочуваат е изборот помеѓу различните политички алтернативи и партии кои се обидуваат да ги претстават нивните интереси. Овој избор станува уште поинтересен кога се зема во предвид политичката симболика поврзана со различните партии.

Сепак, во македонскиот контекст, критичната точка во однесување за Ромите е нивната асоцијација и соработка со политичките партии, посебно со големите партии кои имаат значајно влијание во државната политика. Ромите се соочени со предизвикот да изберат со кои политички партии ќе соработуваат, земајќи ги во предвид нивните интереси и потреби.

Во македонскиот политички пејсажи тие не се видливи како ромски партии и коалиции кои се обидуваат да ги застапат интересите на Ромите, за што покажува пасивноста на ромските политички партии кои се будат од избори во избори.
Сепак, често се случува дека овие партии и коалиции, иако формално се дел од владеечките коалиции, или имаат влијание врз одлуките на власта, не успеаја да ги заштитат и промовираат интересите на Ромите на начин на кој е флексибилен со напорите на заедницата ,надвор од ромските актери и од самопрогласените лидери.
Ромите во Р.С Македонија со креирањето на досегашните политики имат малку или никакво подобрување на условите за живот дури и кога нивните политички претставници се дел од владеечките структури. Во многу случаи, ова зависи од индивидуалните мотивации и постапки на ромските лидери и од нивната способност јавно да ги заштитуваат интересите на нивната заедница во рамките на политичките процеси.

Така, доколку се поставуваме во контекст на овој проблем, прашањето „На кој олтар да се молиме“ за македонските Роми е битен изборот на ромски лидери и политички претставници кои ќе бидат вистински чувари на нивните интереси и кои ќе работат за подобрување на нивните услови на живеење.
Неопходно заедницата да има пристап до адекватна претставничка структура која ќе ги поддржува и промовира нивните права и интереси, без разлика на партиската амфилација или партиските бенефиции.
Математикте веќе се направени, некој тајно некој јавно веќе се зане кој на кого ке слугува, а, на нас ни останува самите да ибереме на кој олтар да се молиме?

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading