Spread the love

За почеток само да расјасниме дека ромска дијапсора не постои, не сме прифатен народ од ниту една држава, ние  надвор од Македонија сме дел на македонската дијаспора сакале или мора да го признаваме тоа.

Често на социјалните мрежи читаме од таканаречените ромски „патриотски дужебризници„ да ги оставаме на мира, да не им се мешаме во „каша попара„ кои тие сами си ја направиле и дека баш поради нив денес се наоѓаме надвор од Македонија.

 

Да, ја напуштивме Македонија  но не по наша желба, туку поради притисоците, партиските вработувања, празните ветувања, демократија преку„мускули„ закани, уцени преку цензура на слобода на изразување и свое мислење …

Дали вие кои останавте сменивте нешто, можете ли да смените нешто со молк, или со ситна дадена „боранија„?

Се запрашавте ли колку ние бевме подучени  да ги браниме своите идеали? Колку бевме инспирирани да се вклучиме во образованието и активизмот се со цел кон позитивниот процес на  заедницата?

Дали нашата физичка неприсутност треба да значи и молк која би требало да значи согласност со сите неправди со кој се соочува нашата заедница?

Дали исто така би се радувале на нашиот молк и тогаш кога се бара донации за помош за одредена личност?

Ке се согасувате ли ако  нашата молкост  нашата тивка и неактивна реакција може да се толкува како согласност или како недостаток на ангажман.

Ние го создаваме значењето на нашата активна улога во креирањето на промени и заштита на заедничките  идеали и вредности

Не драги мои, кога не говориме или не дејствуваме, може да се стапи кон заклучок дека сме согласни со сегашната состојба или дека не сме заинтересирани за промени.

Ние не сме  научени да седиме тивко, да не противречиме, да не поставуваме прашања од кои бараме одговори.

Нашата болка не е само физичката географска  далечина, туку и емоционална празнина и чуство на вашата немоќ која со години тежи и се зголемува.

Со секој успех што го постигнуваме надвор од нашата земја, се прашуваме: Зошто не успеавме дома.

Не сме  во позиција ниту време да се овбинуваме на ова тема едни со други, туку да дадеме  рефлексија и дејство.

Да се вратиме кон идејата на објединување, на сплотување. Да се научиме како да ги заштитиме нашите вредности, нашата култура, нашата идентитет.

Не е необходно да сме физички присутни за да бидеме дел од борбата за ромска кауза.

 

Нашата болка треба да биде  мотивација, а таа да ја  претвориме во сила, во движење. Немојте со тој  алчен изговор, да си седиме по страна и да се гледаме сеир. Ајде да се  обединиме, да ги промениме навиките,и  да им  се даде глас на заедничките идеали.

Заштедете не од судбината што не ја одбравме, , од вашата слепост и неукост.

Искрено таму долу оставивме све, роднини пријатели, имоти, се поради тоа што други ни ја зедоа надежта за подобро утре.

Со заемно почитување и вие и ние можеме да ја  промениме нашата судбина,не преку зборови туку преку заеднички кориднирани дела.

 

 

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading