Spread the love

Новата Ромска фондација за Европа која долго време била најавувана како замена на постоечката Канцеларија за ромски иницијативи , ке добие 100 милиони евра од Фондацијата Отворено општество.
Новата ромска независана фондација ке има седиште во Брисел, и ке биде првата институција која ке биде управувана од ромски лидери, а финансирањето ке започне од следната година и ке трае до 2030 година.
Покрај финансирањето од страна на ФОО, Ромската фондација за Европа (РФЕ) ке треба да развие дополнителни извори на финансирање со што би ја унапредувала својата мисија.
Председателот на ФОО Александар Сорос е убеден дека новите ромски лидери во РФЕ ,самите ке ги одредуват приоритетите и стратегијата за финансирање и ке бидат димнамична сила, и посветени на реализација на целосниот потенцијал на Ромите во надминување на длабоко вкорените бариери со кои секојдневно се соочуват.
„Ќе направиме се што можеме за да ја поддржиме фондацијата и нејзиното раководство во мисијата од која ќе имаат корист не само Ромите, туку и цела Европа“. – вели Александар Сорос.
Новата ромска фондација за Европа ќе работи со ромски групи во Западен Балкан, Источна Европа, Шпанија, Италија и Германија. Ќе биде предводен од Жељко Јовановиќ , председател на Канцеларијата за Ромски иницијативи на Отворено општество од 2010 година.
Новата ромска фондација ке се развива и ке работи со постоечките основачки партнерства на ФОО предводени од Ромите како што се Европскиот ромски институт за уметност и култура ( ЕРИАК), Иницијативата за развој на ромското претприемништво ( ИРРП), Ромите за демократија (РД), Ромскиот образовен фонд (РЕФ) како и со низа веќе постоечки национални ромски движења: Аресел во Романија, Опре Рома во Србија, Кетане во Италија, Постојаната конференција на Ромите во Бугарија и Аваја во Северна Македонија и други.
Според Жељко Јованович, новата ромска фондација ке работи на комбинирање на изборниот и економскиот потенцијал на Ромите преку своите најкредитибилни застапниц, сојузници, подржувачи и влијателни пријатели..
„Нашата цел ќе биде да изградиме основа која не само што ќе донесе позитивни промени за Ромите, туку ќе придонесе и за европска иднина заснована на правда и правичност“.- вели Јованович.

Да напоменеме дека Фондацијата Отворено општество е водечки приватен поддржувач на Ромите во Европа која преставува најголемото етничко малцинство на континентот – од раните 1990-ти, кога нивната кауза првпат беше прифатена од основачот на Отворено општество, Џорџ Сорос.
Фондацијата Отворено општество е најголемиот приватен финансиер во светот на групи кои работат на унапредување на правдата, слободното изразување и правичноста. Новиот пристап за поддршка на ромските прашања доаѓа во позадината на пошироката рекалибрација на начинот на кој функционира Отвореното општество низ светот.

Повеќе на следниот линк:

https://www.opensocietyfoundations.org/newsroom/open-society-commits-100-million-to-new-roma-led-foundation?fbclid=IwAR2V20_G3RsRAsw-FMVCup9_7OctG3TOU_wZC9C43yBZs9thAa5mJA8RGsA

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading