Spread the love

ГРАДАЧАЦ – Повеќе од единаесет ромски семејства во периферијата на Градачац се соочуваат со неизвесна иднина, откако општинските власти започнаа процес на нивно иселување од привременото алтернативно сместување уште по завршувањето на војната во Босна од срански донатори.
Овие семејства, оставени без соодветно сместување и со минимална финансиска поддршка, сега се соочуваат со можноста да останат на улица.

Во 2021 година, општината донесе одлука за изградба на станбен комплекс на местото каде што сега живеат околу 30 ромски семејства. Тогаш, на некои од семејствата им беа понудени 500 конвертибилни марки (околу 250 евра) како компензација, но без гаранција за алтернативно сместување. Голем дел од овие семејства заминаа со надеж дека ќе добијат нови домови, но тие надежи беа залудни – не добија ништо.
Околу 11 семејства сè уште живеат во ова алтернативно сместување,
Условите во кои живеат се далеку од пристојни – немаат пристап до вода, електрична енергија и соодветни санитарни услови. Овие семејства се соочуваат со постојани закани, како правни, така и физички, дека ќе бидат присилно иселени.

„Живееме во постојан страв. Не знаеме кога ќе дојдат да нè иселат. Немаме каде да одиме,“ изјави еден од жителите, кој веќе две години живее во неизвесност со своето семејство. Неговите деца редовно посетуваат училиште, но тие се принудени да учат во трошни услови и без основни средства за нормален живот.
Сенејтствата чувствуваат дека се жртви на системска дискриминација. Иако меѓу нив има вработени граѓани кои придонесуваат во заедницата, тие не добиваат никаква поддршка од општината. Локалните власти досега не понудија никакво решение за нивното трајно сместување, а ветувањата за колективен центар остануваат само на хартија.
„Само бараме достоинствено сместување, ништо повеќе. Нашите деца заслужуваат да растат во нормални услови, да имаат дом,“ изјави една од мајките. „Никој не може да живее вака долго време. Ние сме луѓе како сите останати и заслужуваме шанса за подобар живот. Но сега се соошуваме со голем притисок и со градежната механизација која е секој ден тука и ги рушат нашите куќи.“

Мехмет Мујич ромски активист од Босна предупредува на сериозноста на ситуацијата и апелира до општината да преземе итни мерки. Овие семејства, според него, се оставени на милост и немилост на системот кој очигледно нема решение за нив. Со зимските месеци пред вратата, ситуацијата станува уште поалармантна.
Додека локалните власти продолжуваат со плановите за новиот станбен комплекс, судбината на овие ромски семејства останува неизвесна. Нивната борба за основното право на дом ја отсликува пошироката проблематика на дискриминацијата и социјалната исклученост со која се соочуваат ромските заедници низ Босна и Херцеговина.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading